Continue

Вести

Марката Jeep® во рамките на Wanderlust 108 во градските паркови низ Европа

02 October 2019

  • Се враќа настанот Mindful Triathlon co средби на кои се одржува фитнес и вежби за добросостојба.
  • Од 21 септември до  6 oктомври марката Jeep® е дел од Wanderlust во парковите во седум градови низ Европа: Париз, Фиренца, Милано, Лисабон, Барселона, Мадрид и Рим.
  • Секоја етапа е придружена од Jeep Lounge вклучен во новата дисциплина ‘Surfset’ јога каде ќе се стави на тест целата гама на SUV Jeep.
  • Марка, сакана од женската популација: преку 20% од клиентите на Jeep се жени кои се идентификуваат со вредностите на американскиот бренд.

Марката Jeep® го претставува партнерството со Wanderlust 108, настан на Mindful Triathlon посветен на светот на фитнесот и вежбите за добросостојба. Од 21 септември до 6 октомври SUV Jeep е дел од седумдневните настани кои се одржуваат низ парковите во Франција, Португалија, Шпанија, Италија. Настанот започна на 21 септември во (Паркот Сен Клод), а потоа следуваа четири настани во текот на истиот месец: на 22 во Фиренца (Паркот деле Кашине) и на 29 во Милано (Паркот City Life), Лисабон (Jardins da Fundação EDP) и Барселона (CEM Mar Bella), за да продолжи на 5 октомври во Мадрид (Hipódromo de la Zarzuela) и на 6 октомври co големото финале во Рим (Централниот Парк на езерцето Еур).

Платформата Wanderlust, е светски лидер на јога животниот стил, создаден во Соединетите Држави и веќе десет години го носи Mindful Triathlon во најзначајните паркови низ светот со цел да им помогне на единките на сопствениот животен пат и да ги поведе кон благосостојба и сè она што ги опкружува, создавајќи една заедница во која би се достигнало спознанието за самите себе преку јога, медитација. Co посебно внимание кон женската публика, која во поголем дел е вовлечена во потрагата по внатрешна хармонија, поминувајќи низ френетичен ритам на секојдневието и која најмногу настојува да ја доживее страста и искуството на силен емотивен допир.

Марката Jeep ги споделува со Wanderlust вредностите на автентичност, страст и желба за слобода и авантура, но и за излегување од рамките, со намера да се надмине каква и да е пречка или предизвик и да се почувствува како дел од едно големо семејство. Да седнеш зад воланот на еден Jeep, овозможува токму тоа, да се соочиш со секојдневниот живот, потполно смирено, густирајќи ја идејата за слобода која не е помалку “екстремна” низ градските улици исто како и целосното “соочување” со предизвиците кога излегувате на непреминати патеки на непредвидлив терен со помош на легендарните можности за 4×4, технолошките содржини и опремата која овозможува комфор и авангардна безбедност. Карактеристики кои ја прават марката Jeep многу ценета од страна на жените, клиентела која е во пораст и денес надминува 20% од купувачите на брендот. Дополнителна демонстрација дека вредностите се во можност да ѝ удоволат на женската публика, која во SUV Jeep гледа продолжување на сопствената личност и единственост, средство со кое се идентификува и се посветува на многубројните секојдневни обврски.

Програмата на секој од настаните предвидува ден наменет на спортот и забавата кога се одржуваат: трка на 5 km, јога и медитација, лекции, работилници co експерти во различни дисциплини и активности кои помагаат за изнаоѓање на добросостојба , како што се акро-јогата и hooping. На секоја од одредените локации ќе биде поставен Jeep Lounge, и гостите ќе можат да учествуваат во бесплатниот час во новата дисциплина на фитнес, наречена ‘Surfset’ јога, инспирирана токму од еден од најголемите спортови на даска – сурфањето, co која Jeep веќе години наназад ги дели вредностите, mindset и решителност. Jeep Lounge ќе биде сместен во зона Chillout во која ќе се одвиваат работилниците или пак едноставно ќе може да се ужива во момент на опуштање. Зоната на Jeep Lounge ќе биде и појдовна точка на пробното возење на целата гама на SUV Jeep – која опфаќа пет модели и тоа: Jeep Renegade, Jeep Compass, Jeep Cherokee, Jeep Wrangler и Jeep Grand Cherokee – сите со скоро обновени стилови и со авангардни технички и технолошки содржини.

Тие што ќе решат да одберат пробно возење на штандот Jeep, ќе може да одберат Renegade и Compass, најсаканите модели на Jeep од страна на жените. Првиот е и најпродаваниот модел на Jeep во Европа и откако комплетно беше подновен кон крајот на 2018, продолжува да ја изненадува јавноста со  два новитети за градско возење: деби на моторот 1.3 Turbo T4 со 180 КC и автоматски менувач со девет брзини и новата специјална серија S, која поседува елегантна и спортска страна подготвена за користење “day-by-day” на Renegade. Рефлекторите се насочени кон Jeep Compass кој поседува веќе историски способности за теренско возење capability off road, извонредна динамика на возење и богата технолошка опрема, како и напредни системи за информирање и забава и нови дизел и бензински мотори хомологирани по E6D-Temp на располагање во сите верзии.