Continue

Вести

view all the news

Во Женева стапи на сцена e-волуција на брендот Jeep®

12 March 2019

Новите Renegade и Compass PHEV: моќност и автономија

На штандот во Женева за прв пат се појавија моделите со хибриден мотор plug-in, опремен со батерии на полнење од надворешен електричен извор и кои имаат моќ да складираат значителна количина на електрична енергија. Ваквиот избор овозможува поставување на помоќни електрични мотори , за автономија со целосно движење на електрична енергија, како за Renegade, така и за Compass, за околу 50 километри и со максимална брзина од 130 km/h, само со електричен. Електричниот компонент работи во синергија со новите турбо бензински мотори од 1300 cm3, зголемувајќи ја вкупната ефикасност и  моќност. Во гамата  Renegade, на пример моќноста се движи од 190 до 240 КС со извонредни теренски способности: забрзување од 0 до 100 km/h за време од околу 7 секунди. Слични достигнувања при хомологирањето покажува и првиот Compass plug-in. И во овој случај симултаната акција на моторот со внатрешно согорување и на електричниот мотор достигнува до 240 КC максимална моќност.

И не само тоа: новите SUV co хибридна технологија plug-in се и забавни за возење благодарение на брзиот одговор и флуидното забрзување. Инаку се и многу тивки и не ја загадуваат околината, односно издувните гасови CO2 се пониски од 50g/km. Renegade и Compass PHEV се опремени со инструмент табла и екран посебно наменети, кои се ажурирани по потребите на клиентот за да ги добие сите информации кои се однесуваат на секојдневното хибридно возење.