Continue

Вести

Брендот Jeep® победи на овогодинешното издание на наградите на списанието OFF ROAD

21 July 2020

  • Моделите на Jeep® доминираат на изборот на специјализираното списание за возила 4х4, OFF ROAD. Читателите ги поставија на пет пати на почесните места.
  • Jeep Renegade именуван за ‘Best Compact SUV’ шест години по ред.
  • Jeep Grand Cherokee уште еднаш е најпопуларното луксузно теренско возило од брендовите од увоз.
  • Jeep Wrangler го освои второто место за ‘Off-roader’ (A категорија) и за ‘Alternative Drives’ категоријата со неговата 4xe верзија уште пред да се појави на пазарот.
  • Jeep Gladiator е второпласиран во категоријата ‘Pick-up’ –уште пред да се лансира на европскиот пазар.

Моделите на Jeep® уште еднаш доминираа на престижните награди по избор на читателите на на специјализираното германско списание за возила со погон 4х4, OFF ROAD.

Брендот освои пет почесни места од вкупно 248 модели од 13 категории кои им беа претставени на читателите.

Најголем победник е Jeep Renegade кој беше крунисан со титулата ‘Best Compact SUV’ (D категорија) и тоа по неверојатен шести пат по ред.

Renegade победи пред 19 други модели претенденти за титулата, во класата 4×4 препознатливиот дизајн на Jeep.

Jeep Grand Cherokee, предводникот беше прогласен за најдобар луксузен теренец од увоз и беше втор по ред во „ Luxury Off-Roader“ (Б категорија).

Треба да се истакне и второто место на иконата Jeep Wrangler во категоријата „Off-Roader“ А, со освоени 28,4 проценти од гласовите на стручните читатели – само 0,6 проценти помалку од победникот и далеку пред третопласираниот модел ( 15,1 процент).

Jeep Wrangler исто така го завзема второто место во категоријата „Алтернативни мотори“ – особено важно признание пред започнувањето на моделот Wrangler 4xе со plug-in хибридна.

Исто така, пред своето деби на европскиот пазар, целосно новиот Jeep Gladiator го зазеде второто место во категоријата „Пик-ап“ Ц.

Наградите OFF ROAD започнаа да се доделуваат во 1982 година, со што на читатели ентузијасти на специјализираното списание за 4×4 им беше дадена можност да гласаат за своите омилени модели. Над 41.500 читатели учествуваа на изданието во 2020 година на анкетите „OFF ROAD“ (резултатите ќе бидат во печатена верзија на списанието „OFF ROAD“, број 8/20 во продажба од 14 јули 2020 година)