ДИЗЕЛ МОТОР 2.8 CRD – Common Rail Дизел (CRD) 2.8 16V DOHC, 4-цилиндри со 200 КС на 3,600 вртежи/min и вртежен момент од 460 Nm на 1600 – 2600 r/min, автоматски пренос.
PENTASTAR™ 3.6 V6 – Моторот на Wrangler постигнува 283 КС со 347 Nm вртежен момент со лесна алуминиуска изведба. Подобрени перформанси со автоматски пренос и автоматски менувач. Системот на запчаници е способен електронски да го контролира вртежниот момент на моторот овозможувајќи да се движите мазно низ секој степен на пренос.
COMMAND-TRAC® – Дизајнирани да доминираат со најпредизвикувачките со off-road патеки, системите Command-Trac® 4×4 доаѓаат стандардно кај Wrangler Sport и Wrangler Sahara и и спорачуваат еднаква моќност на сите четири агли за да овозможат перформанси најдобри во класата.
ROCK-TRAC® – Обезбедува перфектна контрола и значително зголемување на расположливиот вртежен момент на тркалата овозможувајќи екстремни маневри при off-road режим на возење, со 4:1 низок степен на пренос кој ви овозможува менување во пониска брзина со поголемо зголемување на вртежниот момент на тркалата.
Оваа оска е горно-централно поставена што обезбедува заштита на подвозјето и помага за намалување на аглите на погонската оска за непречено и тивко работење.
Wrangler нуди најдобра во класата висина од тлото (10″ – 25,4 cm) и пристап најдобар во класата влезен агол (38,4 -степени), агол на наседнување (25,1 -степени) и излезен агол (31,3 -степени).
Jeep® Wrangler Rubicon во стандард нуди Dana 44 предни и задни оски опремени со Tru-Lok® блокатори на диференцијали кои помагаат да се обезбеди крајна тракција.
Кога се спуштате низ удолница, системот за контрола на брзина при спуштање (HDC) ви помага да ја одржувате моменталната брзина константна за време на спуштањето со надгледување на кочењето и додавањето гас. Системот за помош при качување угорнина (HSA) ги држи кочниците вклучени за краток период време кога ја тргате ногата од кочницата, овозможувајќи ви да забрзате без да се вратите наназад.
Jeep® Wrangler го носи знакот Trail Rated®, потенцирајќи ја неговата способност за добри перформанси при возење во различни off-road услови. Тоа е потврда за владеењето на Wrangler’s при нормално и off-road возење, влевајќи доверба дека штом сте зад управувачот, можете безбедно да насочувате на апсолутно било каков вид на терен (снег, кал, песок, карпи). Тоа ја потврдува традицијата марката Jeep® за поседување на легендарна тракција, пролизгување, способност за маневрирање, артикулација и насочување на водата.