Continue

Wrangler Unlimited

Wrangler Unlimited

АВАНТУРАТА НИКОГАШ НЕ ЗАПИРА

2015 WRANGLER UNLIMITED SPORT

• 2.8 CRD Мотор
• Command-Trac® 4×4 Систем
• Заштита на подвозјето
• Внатрешност која се одржува со перење

• Исклучителен мотор CRD (Common-Rail Diesel) 2.8 DOHC – со 16V и 4 цилиндри има моќност од 200 КС на 3.600 вртежи/минута и максимален вртежен момент од 460 Nm нa 1.600-2.600 вртежи/минута (co автоматски менувач).
• Command-Trac® 4×4 – Совладајте ја следната авантура со системот Command-Trac® 4×4. Систем со докажано менување на брзините во лет со 2.72:1 низок сооднос при совладување на карпи и неутрален за рамен терен. Кога е потребно повеќе влечење распределувањето на моќта на четири тркала може да помогне да ги совладате дупките и се справите со лизгави услови. Command-Trac® 4×4 системот со NV241 GII кутија за пренос се втурнува во акција за да ви обезбеди најдобри резултати.
• Заштита на подвозјето – Секој Jeep® Wrangler е заштитен со штит за подвозјето што помага да се заштитат клучните компоненти со 2.5-mm челична заштитна плоча на резервоарот за горивo и кутијата за пренос.
• Внатрешност која лесно се одржува со испусти за вода – Кога го земате Jeep® Wrangler на нова авантура, нормално е малку да се извалкате. За да ја исчистите внатрешноста на вашето возило отстранете ги испустите кои се наоѓаат на подот веднаш под просторот за нозе. Перење, плавење и повторете ја авантурата.

2015 WRANGLER UNLIMITED SAHARA

• Тркала
• Седишта со опшивка
• Заштита над крилата во боја на каросерија
• Alpine® Премиум аудио систем

18″ Сјајни Polished Satin Carbon Тркала – Лесно воочлив благодарение на 18″ сјајни satin carbon тркала кои доаѓаат со стандардна опременост.
Седишта во платно со опшивка, а достапни и во кожа со опшивка – Sahara е опремена со премиум карактеристики вклучувајќи платнени седишта со опшивка или по ваш избор и седишта во кожа со опшивка.
Премини на тркала во боја на каросерија – Jeep® Wrangler Unlimited Sahara со премини на тркала во боја на каросерија и високо сјајни метализирана решетка, како и прстени на светлата формираат премиум среден изглед.
Најдобар во класата аудио систем – Jeep® Wrangler Unlimited Sahara се карактеризира со најдобар во класата аудио систем Alpine® со седум звучници, кои креираат премиум звук благодарение на 460-watt засилувач, два високотонци, 8×12-inch субвуфер и четири 6.5″ звучници. Откријте нов бран во звучниот инженеринг.

2015 WRANGLER UNLIMITED RUBICON

• Dana® 44 зајакнати предни и задни оски
• Електронско исклучување на стабилизатор
• Rock-Trac® 4×4 систем
• Tru-Lok® блокатор на диференцијали

Dana® 44 зајакнати оски – Вистинскиот класик е направен да трае и да биде доверлив сопатник. Истрајноста доаѓа од тешките оски, цврсти куќишта, големи лопатки за лежишта и централни држачи за полесно, потивко работење.
Електронско исклучување на стабилизатор – Овој систем овозможува автоматско исклучување на стабилизаторот кога возите под 29km/h во 4LO режим. Предните тркала може да паднат и да се компресираат и до 25% повеќе.
Rock-Trac® зајакнат систем за пренос – Единствениот Rock-Trac® 4×4 систем со неговиот зајакнат сет за трансфер and 4:1 сооднос на редукција со мануелен пренос ве пренесува преку камења и пречки до места за кои некој само сонува да ги достигне.
Tru-Lok® блокатор на диференцијали – Предби и задни Tru-Lok® електронски блокатори на диференцијали кои помагаат да се балансира брзината помеѓу тркалата од левата и десната страна за неверојатн прилепување. Овој прекинувач кој е вграден на инструмент таблата може да ги блокира или задната или двете оски.