Continue

Jeep® Renegade e-Hybrid

СОВРШЕН ЗА ТВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

ПОБАРАЈ ПОНУДА

ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

Jeep® Renegade e-Hybrid

СОВРШЕН ЗА ТВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

ПОБАРАЈ ПОНУДА

ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

До
130 КС

240 Nm
Максимален вртежен момент

191 km/h
Максимална брзина

6.1-5.7
Потрошувачка на гориво

Limited

Limited е ниво што не прифаќа компромиси. Оваа верзија на SUV хибрид се одликува со сите стандардни карактеристики кои овозможуваат да се достигнат високи нивоа на комфор и безбедност и притоа, да се задржи суштината на Jeep®.

Возила на лагер


  • АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА ОД 17”
    Откриј повеќе



  • Откриј повеќе


  • ДВОЗОНСКИ КЛИМА-УРЕД
    Откриј повеќе


  • 8,4” Uconnect™
    Дознајте повеќе

ОТКРИЈ ГО JEEP® НА НАЧИН КАКО ТЕБЕ ТИ ОДГОВАРА

Одбери го твојот Jeep® Renegade во продажен салон или од удобноста на твојот дом

Продажни салони

Ако повеќе сакаш да дознаеш повеќе за Jeep во продажен салон, може да појдеш до најблиското место или да го контактираш салонот по твоја желба.

Продажни салон

CARSTORE – избери нов Jeep онлајн

Откриј ја деталната понуда на возила на лагер, достапни за испорака веднаш

Возила на лагер

НАДВОРЕШНОСТ

ПРЕПОЗНАТЛИВ ПО ПРИРОДА 

 Неговите препознатливи форми и решителни линии го карактеризираат стапувањето на Jeep® Renegade во светот на хибридното возење. Квадратните решителни форми на овој хибриден SUV, во комбинација со чистите линии, ги истакнуваат стилските линии, типични за Jeep®, како што е предната маска со седум отвори со тркалезни предни светла или пак поткрилата во форма на трапез.

ВНАТРЕШНОСТ

ДИМЕНЗИЈАТА НА КОМФОРОТ 

Внатрешноста се издвојува по просторноста, комфорот и технолошката опрема. Внатрешноста на хибридниот Jeep® Renegade ги соединува функционалноста и разноврсноста, благодарение на задното седиште на преклопување 40-20-40, на платото за товарење кое може да се кофигурира и на бројните простори за предмети. Материјалите од кои е изработена внатрешноста се со висок квалитет и нежни на допир се комбинираат со премиум опремата, како што се седишта и волан кои се загреваат , со инсерти во кожа или предни седишта со електрично прилагодување на положбата.

СЕДИШТА НА ПРЕКЛОПУВАЊЕ 40/20/40

Управувај со просторот за товарење на едноставен и интуитивен начин благодарение на седиштата кои лесно се преклопуваат 40/20/40.

СЕДИШТА СО КОНТРАСТНИ ШЕВОВИ

Стилот го пресретнува комфорот. Формите на седиштата се збогатени со контрастни шевови со што се нагласува персоналноста на Jeep® Renegade 4xe PHEV.

ПЛАТО ЗА ТОВАРЕЊЕ ШТО СЕ КОНФИГУРИРА

Иновативното плато за товарење може да се подигне за да се олесни товарењето или пак да се спушти за да се создаде повеќе простор.

ДИМЕНЗИИ

Димензиите на Jeep Renegade нудат удобност и просторност за да се има пријатно чувство за време на патувањето. Вклучувајќи ги и најекстремните авантури

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

Технологијата Jeep® e-Hybrid се базира на бензински мотор 1.5 T4 Turbo со преден погон и 130 КС, поддржана со дополнителен електричен мотор P2 со 48V, кој нуди максимална моќност до 15 kW (20 КС)*, корисен во различни фази на возење. Доживувањето на технологијата Mild Hybrid на Jeep® е во можност да пружи возење и само со електричен мотор*, кога електричниот мотор влегува во функција при маневри со ниска брзина.

*Функционирањето е предмет на нивото на полнење на батеријата и на условите на возење

ДИНАМИЧЕН И ЗАШТИТЕН

Jeep® Renegade ќе ги направи сите твои патувања уште полесни со едно ново ниво на задоволство при возење. Благодарение на неговите напредни уреди за помош при возењето, Renegade е во состојба да го одржува растојанието од возилото пред него и да се задржи во коловозната лента преку активно дејствување на воланот.

ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ДОФАТ НА РАКАТА

Уживај во секое патување, благодарение на системот за информирање и забава Uconnect™ со HD екран во боја на допир од 8,4’’, кој ги надгледува главните параметри на возење на едноставен и интуитивен начин, благодарение на дигиталната инструмент-табла од 7’’.

МАКСИМАЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Прилагоди ја естетиката и разновидноста на твојот Нов Jeep® Renegade e-Hybrid или направи го уште пофункционален благодарение на додатоците Mopar®.

МРЕЖА ЗА ПРИДРЖУВАЊЕ НА БАГАЖОТ

Мултифункционална мрежа за придржување на багажот во товарниот простор (на подот, на потпирачот за грб, странично), на тунелот од совозачката страна или под задното седиште. Црна боја. Со лого на Jeep. Опремен со систем за фиксирање со специјален велкро-систем. Употребата може да варира во зависност од моделот, за што треба да се погледне во упатството.

ПРЕМИУМ ПАТОСНИЦИ

Патосници направени од рециклиран најлон благодарение на соработката со Econyl. Сет од 4 патосници за лева возачка страна.

НОСАЧИ НА КУФЕРИ И ШИПКИ ЗА ТОВАРЕЊЕ НА ПОКРИВОТ

Комплет составен од 2 челични шипки на покривот на автомобилот. Максимален капацитет 40 кг. Прицврстувањето на покривот на автомобилот е брзо и лесно.

ПОСЕБЕНА НАЛЕПНИЦА

Персонализирај го сопствениот стил на твојот нов Jeep® Renegade со посветената црна налепница за хаубата што се истакнува во контраст со бојата на каросеријата.

Потрошувачката на гориво на Jeep® Renegade e-Hybrid (l/100 km): 6,1 – 5,7; издувни емисии на CO2 (g/km): 139-130, во согласност со одредбата на ЕУ 1999/94. Хомологираните вредности се одредени според комбинираниот циклус WLTP, врз основа на кој, новите возила се ажурирани на ден 31 март 2022 година. Вредностите се наведени за споредбени цели.

Важно: ефективните вредности на потрошувачка на гориво како и на издувните емисии на CO₂ може многу да се разликуваат и да варираат во зависност од условите на употреба на возилото и разни фактори како што се: опционалите, надворешната температура, стилот на возење, брзината, вкупната тежина на возилото, користење на одредена дополнителна опрема (Клима-уред, греење, радио, навигатор, светла итн.), типовите и состојбата на пневматиците, состојбата на патиштата, климатските услови итн.

Ви треба информација? Разговарајте со нас