Continue

JEEP® WRANGLER

Ненадминливи off-road перформанси

JEEP® WRANGLER

Ненадминливи off-road перформанси

 НАДВОРЕШНОСТ

Комплетно новиот Jeep® Wrangler можеби ќе ви изгледа познато, но погледнете внимателно и ќе ги уочите надградбите и паметните подобрувања на секој чекор. Новиот Jeep® Wrangler останува верен на своето наследство, но е подобрен на многу начини. Веродостоен на традиционалната  Wrangler формула: легендарен стил, тркалезни предни светла, познатата решетка со седум ребра инспирирана од моделот Jeep® CJ, рамни истакнати премини на тркалата , покрив и врати кои се отстрануваат и лесно преклопливо предно стакло.

ПРЕКЛОПЕТЕ ЗА ЗАБАВА

Комплетно новиот Jeep® Wrangler има полесен начин за да ја почуствувате слободата на отворен воздух благодарение на можноста за лесно преклопување на ветробранското стакло. Процесот на превиткување бара отстранување на далеку помалку завртки отколку кај претходните модели. Новата спортска лента во боја е дел од постојаната структура на рамката ветробранското стакло.

ОТВОРЕТЕ

Со цврст или мек покрив, без покрив или со новиот Sky One-Touch™ електричен покрив. Со сите врати или без врати. Комплетно новиот Jeep® Wrangler е создаден за лесно возење на отворено. Новиот мек покрив Sunrider®  без патенти е задолжен за лесно подигање и спуштање, додека цврстиот покрив Freedom Top® е 20% полесен од претходните цврсти покриви. Нов повеќе-должински систем за поврзување на шарките го поедноставува отстранувањето и поставувањето на вратите.

ТРКАЛА И ПНЕВМАТИЦИ

За тркалата и премини на тркалата кои го нагласуваат секое ниво на опременост, црните премини на тркалата се стандард кај моделите Sport и Rubicon. Кај Rubicon премините на тркалата се со поголемо растојание, направени за стандардни, стандардни со кал & снег 32″ off-road пневматици. Елегантни премини на тркалата во боја на каросерија  се стандард кај Sahara.

НОВО НАДВОРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

 

ПРЕДНИ СВЕТЛА

ОСТАВЕТЕ ВПЕЧАТОК

Премиум LED предни светла, се достапни кај Sahara и Rubicon за вистински различен изглед. Пакетот содржи LED светла за магла, задни светла и дневни светла на премините  над тркалата.

 

ЗАДНИ СВЕТЛА

ОСТАВЕТЕ ГИ ДА ГЛЕДААТ

Комплетно новиот Jeep® Wrangler може да биде опремен со достапни премиум LED задни светла. Светлата испорачуваат современи перформанси но сеуште го имаат грубиот нагласен изглед кој е карактеристичен за возилата од марката Jeep® веќе со декади.

АВАНТУРА И ВНАТРЕ

Внатрешноста на новиот Jeep® Wrangler е дизајнирана за да одговара и на најсмелиот дух – со најдобар квалитет, удобност, безбедност и врвна поврзаност. Влезете и подгответе се за незаборавно искуство во возењето.

КОМПЛЕТНО НОВА ВНАТРЕШНОСТ

Сместете се за возењето на вашиот живот во целосно нов ентериер во комплетно нова атмосфера. Новиот дизајн на на седиштата обезбедува удобност и максимална потпора, достапно е и греење на седиштата, дополнителен простор одзади за нозете, премиум наслони за рацете, паметни решенија за складирање и многу повеќе, правејќи го секое патување незаборавно.

ШИРОКО ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИ

Слободата на отворено е во срцето на секој Wrangler. Има големи подобрувања насекаде, вклучувајќи нов лесен покрив Freedom Top®, цврст покрив со покривни панели кои едноставно се отстрануваат. Новиот мек покрив без патенти Sunrider® вклучува подобрен избор на материјали како и помошен механизам за да го олесни процесот на отворање и затворање.

БЕЗ КОМПРОМИСИ

Без разлика кој модел ќе го изберете, рафинираната Sahara или способниот Rubicon, ќе уживате во исклучителна удобност и доверба, како и врвна технологија.

 

 

SAHARA

 

 

ПРЕЦИЗНОСТ И ПРЕФИНЕТОСТ

Модерна на секој начин, внатрешноста на Wrangler Sahara се истакнува. Со достапни седишта преслечени во кожа, инструмент табла во кожа со контрасна опшивка, како и стандардното UconnectTM Радио со 8.4″ екран чувствителен на допир и двозонска автоматска контрола на температурата, вие секогаш ќе патувате со стил и комфорт.

 

 

 

RUBICON

 

 

ЦВРСТ И КОРИСЕН

Wrangler Rubicon ги турка границите внатре и надвор. UconnectTM Радио во стандард со 8.4″ екран чувствителен на допир ве одржува во добро расположение  и поврзани, додека достапните кожни седишта и двозонска автоматска контрола на температурата како стандард, додаваат луксуз и комфор.

 

СПАКУВАЈТЕ СЕ

Новиот Wrangler е израз на тоа кои сте вие. Тој е цврст, способен и разнолик, создаден за да биде присутен на секоја експедиција која ја планирате. На пат или off-road, со или без кров, единствениот лимит е вашата фантазија.

СИСТЕМ TRAIL RAIL™

Новиот достапен систем Trail Rail™ е премиум, прилагодлив систем кој функционира со шини, се монтира на подот од багажникот и задната врата. Се надополнува со додатоци од Jeep®Performance Parts.

JEEP® UTILITY GRID

Новиот достапен Jeep® Utility Grid е инспириран од MOLLE-стилот тактички ранци употребувани од армиските сили низ светот. Служи како систем за организација и како флексибилен систем за складирање. Складирајте батериска ламба, кутија за прва помош или шишиња со вода со лесен пристап доколку нешто затреба.

СКРИЕН ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Просторот за складирање назад има товарен под кој се отстранува дизајниран за да не се гледа опремата која ја носите.

ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Кутијата за ракавици и централната конзола се заклучуваат за да обезбедат дополнителен слој заштита – помагајќи да ги чувате вашите работи на сигурно дури и кога кровот е отворен.

СОЗДАДЕН ЗА ДИВИНА

Секој детаљ кај новиот Wrangler е дизајниран за да понуди максимална корист и стил.

Внатрешна рачка на влечењеСпецијални рачки се вградени на столбовите  А и B за да го олеснат влегувањето и излегувањето од Wrangler и за да обезбедат соодветна потпора при off-road возење.

Рачки

Специјални рачки се вградени на столбовите  А и B за да го олеснат влегувањето и излегувањето од Wrangler и за да обезбедат соодветна потпора при off-road возење.

Внатрешна рачка на влечење

Легендарната рачка на влечење со потпис на Wrangler е совршен придружник при off-road возење.

ВНАТРЕШНОСТ КОЈА СЕ ИЗМИВА

Внатрешноста која се измива вклучува сосема нов, еднонасочен испуст за дренирање во подот за да овозможи истек на вода кон надвор но не и назад внатре. Само отстранете ја потосницата и можете да ја измиете внатрешноста со црево*.

* Секогаш возете во рамките на вашите можности и нивото на искуство и во согласност со условите. Со сигурност следете ги сите упатства во прирачникот за сопственици во однос на отстранување на кровот, вратите и спуштање на ветробранското стакло. Возење без врати и со спуштено ветробранско стакло е исклучиво за off-road употреба.

 

 

ЦВРСТИ ДЕТАЛИ

Прекинувачите и копчињата се тестирани за врвно функционирање. Гумениот материјал околу  Uconnect® екранот на допир, Start/Stop копчето и прекинувачите  е  дизајниран со цел за употребливост, ергономија и дополнителна издржливост.

Инструмент табла

Секој детаљ во новиот Wrangler JL е дизајниран за да биде максимално корисен и со стил.

Push-Start Копчиња



Wrangler JL може да се стартува со притискање на копче. Копчето е водоотпорно, има поминато тест со 24-часа потопување во парна комора.

MEDIA HUB

Секогаш понесете дел од својот свет благодарение на повеќекратните USB влезови сместени како во конзолата така и покрај седиштата. Поврзувањето, без разлика колку далеку одите, никогаш не било толку лесно.

USB Влезови/Media Hub

Двојни USB влезови се наоѓаат во медиа центарот на конзолата. Дополнителен влез се наоѓа во средишниот потпирач за рака. Достапни се и дополнителни USB влезови за пристап од задните седишта.

115-V Приклучок за напојување

Со достапниот 115-V помошен приклучок за напојување, можете лесно да полните мобилни телефони, електроника и друго без да користите адаптер.

Ви треба информација? Разговарајте со нас