Continue

Нов Jeep® Avenger

Концентрат на слобода

Нов Jeep® Avenger

Концентрат на слобода

100% ЕЛЕКТРИЧЕН

До
400 km
во комбиниран циклус
550 km во градско возење
*проценка според циклусот WLTP
за електрично возење

24 мин
20-80% на брз полнач
од 100 kW еднонасочна струја

156 КС
максимална моќност

100 kW
брзо полнење со еднонасочна струја

БЕНЗИНСКИ МОТОР

 

100 КС
максимална моќност

5,5 l/100 km
потрошувачка во комбиниран циклус WLTP

6 брзински
мануелен менувач

ALTITUDE БЕНЗИН

Новиот Jeep® Avenger Altitude ти дава повеќе технологија, повеќе стил, повеќе комфор. Со ексклузивните детали, доаѓа и дигиталниот интерфејс и уште многу нешта.

Побарај понуда

LONGITUDE FULL-ELECTRIC

Longitude е вистинскиот избор за секој што бара стил со бескомпромисна технологија & поврзување.

Побарај понуда


  • Автоматски клима-уред
    Откриј повеќе


  • 100% Дигитален интерфејс
    Откриј повеќе


  • Full LED предни светла
    Откриј повеќе


  • 16’’ Алуминиумски тркала
    Дознајте повеќе

ALTITUDE FULL-ELECTRIC

Новиот Jeep® Avenger Altitude ти дава повеќе технологија, повеќе стил, повеќе комфор. Со ексклузивните детали, доаѓа и дигиталниот интерфејс и уште многу нешта. 

Побарај понуда

SUMMIT FULL-ELECTRIC

Сосем Новиот Jeep® Avenger Summit претставува врв на гамата. Опремен со целосен сет на ADAS, најновата генерација на систем за информирање и забава и ексклузивни стилски детали.

Побарај понуда


  • 18″ тркала во две нијанси
    Откриј повеќе


  • 100% Дигитален интерфејс
    Откриј повеќе


  • Handsfree power liftgate – Отворање на задната врата без раце
    Откриј повеќе


  • Power Liftgate – Копче за отворање на задната врата
    Дознајте повеќе

АВТОМОБИЛ КОЈ ГИ РЕДЕФИНИРА ПРАВИЛАТА

Новиот Avenger, првиот 100% електричен Jeep®, постави нови стандарди во сегментот на малите SUV возила ширум светот. Добитник е на многу награди: Европски автомобил на годината 2023, Најдобар семеен SUV на cветскиот женски избор за автомобил на годината, Електричен автомобил на годината и електричен градски автомобил на TopGear UK Electric Awards 2023. Исто така ги освои наградите Autovista 2023  и  Auto Europa 2024 година. Дополнително беше прогласен за Најдобар градски автомобил при The Best of Moto 2023 изборот во Полска, Швајцарски автомобил на годината за 2024, Урбан автомобил на годината 2024 според Electrifying.com Awards UK, и многу други награди.

НАДВОРЕШНОСТ
ШТО Е ТОА ШТО ТЕ ОДУШЕВУВА

Авантурата е безгранично истражување, пронаоѓање на самиот себе во  нов свет. Впечатливите 18‘’ алуминиумски тркала  совршено се вклопуваат со силните форми на најкомпактниот електричен Jeep®, со засилена заштита од 360°.  
Преку естетиката се согледува личноста на новиот Jeep®: профилот на решетката со седум отвори, црниот кров во констраст со присуството на full-LED предни и задни светла, кои на прв поглед го прават Avenger препознатлив автомобил.

ВНАТРЕШНОСТ
ШТО ДОЖИВУВАШ

Модерната и дигитална внатрешност на новиот Jeep® Avenger за време на возењето обединуваат чувство на слобода, нови функции и поврзување, за несекојдневно доживување. Нема да веруваш што сè може да понесеш со себе во автомобилот: просторите за предмети, сите заедно, ти нудат простор за рачен багаж. Смартфон, клучеви од дома, шишиња за вода, несесер или пак футрола за очила за сонце, сè што ти е потребно и без што не можеш, има свое место во внатрешноста на Avenger.

За работните денови или пак за викенд, може да сметаш на интелигентен и добро организиран простор за секоја твоја потреба.
Секое патување станува авантура која треба да се доживее. Смести се удобно и уживај во секој момент, благодарение на удобните седиштата со греење во жолта и црна боја, со жолти детали на таблата и амбиентално осветлување кое твоите чувства ги претвора во боја.

ДИМЕНЗИИ

Целиот простор што ти е потребен за вистинско искуство Jeep® во компактни димензии. Големина на твоите амбиции.

ПЕРФОРМАНСИ
ШТО ДОЖИВУВАШ


ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР

Доживуваш возење без стрес. Првиот 100% електричен Jeep® ќе ги има сите традиционални перформанси за забава на Jeep® автомобил, во една нова електрична димензија.
Вози на едноставен начин: 3 минути полнење се доволни за гарантирана автономија од 30 km со 100 kW брзо полнење DC – така што просечната дневна потрошувачка може да ја наполниш за време на твојата кафе-пауза.
Почувствувај ја слободата за полнење според твоите потреби и можности: заедно со Jeep® Avenger ќе добиеш и комплетен екосистем за решенија за полнење.
Кога ќе се измориш од рутината, излези од градот и доживеј ја слободата без емисии зад воланот на твојот нов SUV.

 

1.2 ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОР

Слобода на избор: твојот Jeep® Avenger е на располагање и со бензински мотор, со моќност од 100 КС 1.2 турбо-мотор во комбинација со 6-брзински рачен менувач.

100% Jeep® Способности
СО ШТО СЕ СООЧУВАШ

Кога бараме нов автомобил, не размислуваме само за тоа што нѝ се допаѓа, туку бираме автомобил што нѝ доликува. Новиот Jeep® Avenger се издвојува по својата решителност и авантуристички дух, со компактни димензии. Присуството на Selec-Terrain® и системот Hill Descent Control за контрола при спуштање по удолнина ќе ти овозможи да го прилагодиш твојот стил на возење на временските услови со кои ќе се соочиш: дожд, снег, лизгав терен. Новиот Jeep® Avenger благодарение на неговиот широк дарежлив агол на прекршување ќе ти овозможи да се соочиш и со најекстремните услови.

Технологија & Безбедност
ШТО ЗАМИСЛУВАШ

Новиот Jeep® Avenger го прави секое твое патување едноставно и го доведува твоето возачко искуство до едно ново ниво. Неговите системи за помош при возење од последната генерација ти помагаат да го одржиш правилното растојание од возилото пред тебе и да бидеш постојано во средината на коловозната лента, благодарение на активната интервенција врз воланот *.

*Автономно возење ниво – на располагање само кај електричната верзија

 

ШТО ТЕ ПРАВИ ПОСЕБЕН

Сосем Новиот Jeep® Avenger е концентрат на стил, технологија и иконската слобода на Jeep®. И не само тоа. Благодарение на богатата палета на Jeep® Authentic ДОДАТОЦИ by Mopar®, многу е полесно да му дадеш личен печат на твоето возило – и да обезбедиш се што ти треба за следните авантури. Време е да почнеш да уживаш во твоето патување. Нека Jeep® и Mopar® те водат по патот.

 

ГРАФИКА НА ПРЕДНАТА РЕШЕТКА

Иконската предна решетка на Jeep® Avenger, отсекогаш единствена, стана уште покарактеристична. Со додавање на впечатливиот X-camo графика, постојано ги привлекува погледите.

18'' Алуминиумски тркала

Дај му на твојот Jeep® Avenger електричен изглед со сјајно црни тркала од 18” со син стилски акцент. Достапно само за најновите членови на гамата Jeep®, сигурно ќе се издвоиш од толпата.

НАДВОРЕШЕН СТИКЕР

Дај му на твојот Jeep® Avenger личен естетски допир со ексклузивната комбинација на стикери поставени на хаубата, кровот и странично. Избери од широкиот спектар на можности, како што се динамичните црни ленти на кровот и хаубата, стилските странични ленти и уникатните X-camo модели. Време е целосно да ја покажеш твојата страст за Jeep.

ПОДЛОГА ЗА ТОВАРНИОТ ПРОСТОР

Заштити ја површината на товарниот простор со подлога со логото Jeep®. Прилагодено обликувана  патосница со нелизгачка површина одговара на точната димензија на товарниот простор на возилото. Се одликува со подигнати ивици, што помага да се задржи товарот или излевањето. Лесно се монтира и се отстранува, за вистинскењето да биде брзо и едноставно.

Потрошувачка на електрична енергија на гамата со електричен мотор на Jeep® Avenger Full-Electric (kWh/100km): 15,9 – 15,3; Емисии на CO2 (g/km): 0. Вредности за одобрување на типот утврдени врз основа на комбинираниот циклус WLTP, ажуриран на 6-ти декември 2022 година. Наведените вредности се за компаративни цели.

Важно: реалната вредност на потрошувачката на електрична енергија може многу да се разликува во зависност од условите на користење и од различни фактори како што се: опционали, фреквенција на електрично полнење по поминати километри, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина, употреба на одредена опрема (клима, греење, радио, навигација, светла итн.), типови и услови на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.

Автономија на гамата со електричен мотор на Jeep® Avenger Full-Electric: 404 – 389 km. Вредноста на одобрението на типот одредена врз основа на комбинираниот циклус WLTP, ажуриран на 6-ти декември 2022 година. Наведената вредност е за споредбени цели.

Важно: реалната автономија може многу да се разликува во зависност од: опционали, фреквенција на електрично полнење по поминати километри, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина, употреба на одредена опрема (клима, греење, радио, навигација, светла итн.), типови и услови на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.

За дополнителни конкретни и детални информации за електричната автономија на Jeep® Avenger Full-Electric и различните фактори кои влијаат на истата, молиме да се погледне официјалната веб-страница на Jeep®.

Потрошувачка на гориво на гамата Jeep® Avenger со бензински мотори (l/100 km): 5,6 – 5,5 ; Емисии на CO2 (g/km): 126-124 , според Директивата на ЕУ 1999/94. Вредностите за одобрување на типот утврдени според комбинираниот циклус WLTP, врз основа на кој се одобруваат нови возила од 1 септември 2018 година, ажурирани од 6-ти декември 2022 година. Посочените вредности се за компаративни цели

Важно: реалната потрошувачка на гориво и вредностите на емисија на CO2 може значително да се разликуваат во зависност од условите на користење и од различни фактори како што се: опционали, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина на возилото, употреба на одредена опрема (клима, греење, радио, навигација, светла итн.), типови и состојба на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.

Ви треба информација? Разговарајте со нас