Continue

Нов Jeep® Compass

Вози ја иновацијата секој ден

Нов Jeep® Compass

Вози ја иновацијата секој ден

 

Нова линија на удобност
Додај повеќе простор во секојдневното живеење, новата внатрешност на новиот Jeep® Compass ја комбинира удобноста со технологијата преку дизајн со елегантен и софистициран изглед. Нов дизајн на таблата, зголемена инструмент-табла, нов управувач, квалитетни обработки.

Повеќе простор на располагање
Нов Jeep® Compass има уште повеќе простор благодарение на новите простори за предмети зад менувачот, на централниот тунел и под потпирачот на лактот. Внатрешниот простор е повеќе од удвоен и преминува од 2,8 L од претходната гама на дури 7,2 L актуелен капацитет. Идеално за секогаш да се има на дофат се она што е потребно.

Jeep® Compass е попросторен во секој поглед

Елегантната внатрешност има поголеми простори за предмети, зад менувачот, на централниот тунел и под потпирачот за лакт. Овој компактен SUV располага со зголемен корисен простор од 2,8L нa 7,2L.

Совршена разноврсност

Новиот Jeep® Compass има уште попространа и поразноврсна внатрешност. Седиштата се спуштаат 40/20/40* cо што овозможуваат да се искористи максимално товарниот простор и да се избере меѓу различни конфигурирации во зависност од потребите: неопходно за да се одговори на секојдневните предизвици.

Го зголемува просторот, го истакнува стилот
Внатрешноста те воведува во една нова димензија на удобност. Седиштата се одликуваат по својата удобност, на нивото на опременост  S поради тоа што се наполнети со нов материјал memory, кој сам се моделира според телото, за да овозможи дополнителен комфор при возењето. Тука се и стилските детали: седиштата и панелите на вратите се пресвлечени како во штоф, така и во техно-кожа Nappa.

Нови панели на вратите
Еволуцијата на новиот Jeep® Compass ги опфаќа и вратите. Панелите, всушност, се обложени со ексклузивна кожа Nappa чиј естетcки изглед ја истакнува квалитетната внатрешност.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас