Continue

Нов Jeep® Compass

Вози ја иновацијата секој ден

Нов Jeep® Compass

Вози ја иновацијата секој ден

Поврзан со иднината
Новиот Compass воведува апсолутни новитети во панорамата Jeep®, како што е иновативниот систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“, новата дигитална инструмент-табла од 10,25“ и ексклузивниот асистент за гласовно препознавање Hey Jeep®.

Нов систем за информирање и забава Uconnect™ од 10.1“
Новиот Compass ја поседува технолошката иновација на Jeep® благодарение на еволуцијата на новиот систем за информирање и забава Uconnect™ кој, во однос на претходната генерација им подобрен хардвер, софтвер, екран и поврзување.

Авангарден хардверски систем

Новиот систем за информирање и забава Uconnect™, за прв пат на Jeep®, излегува од таблата. Екранот, поголем од претходните за 30%, мери 10,1“ и располага со Ultra HD резолуција. Процесорот е за 5 пати побрз, одговорот на гласовните команди е многу побрз, како што е и калкулаторот на пресметување на трасите при навигација.

Најразвиен оперативен систем на светот

Jeep® Compass ги отвора вратите кон нови содржини и ексклузивни функции благодарение на иновативниот оперативен систем, опремен со најинтуитивна мапатура и раководена со непосреден допир. Секако, може да се персонализира и интерактивната линија на работа со функцијата swipe или повлекувајќи ја апликацијата и widgets, внесувајќи ги во омилени.

Функции wireless

Со новиот интелигентен систем за информирање и забава  Uconnect™ полесно е да се поврзете со сопствениот мобилен телефон без потреба од кабел благодарение на системите Blu tooth™ од последната генерација. На овој начин може да се да се поврзат до два мобилни телефони истовремено и да се пристапи до сите компатибилни апликации, без потреба од поврзување co кабел.

Асистент за гласовно препознавање Hey Jeep®

Новиот Compass, е опремен со Hey Jeep®, асистент за гласовно препознавање со кој може да се регулира клима-уредот, да се пушти музика или да се постави дестинацијата на следното патување консултирајќи ги новите мапи TomTom™. Доволно е да се каже “Hey Jeep®”.

До 6 кориснички профили

Новиот интелигентен систем за информирање и забава  Uconnect™ овозможува да се персонализира интерфејсот врз основа на потребите. може да се создадат до 6 кориснички профили, секој од нив со сопствени преференци за радио, дигиталната инструмент-табла и систем за навигацијата. Доволно е да се избере еден профил за да се пристапи до сите снимени поставки и да се започне патувањето со омилениот начин на патување.

Aвтоматски ажурирања Over the Air
Нов Compass e првиот Jeep® кој го интегрирa системот Over The Air. Благодарение на постојаното поврзување 4G, може да се ажурираат мапите и содржините на новиот систем за информирање и забава Uconnect™ потполно автономно, без потреба да се обратите кај продавачот. Благодарение на апликацијата My Uconnect™.

НОВА Wireless Charging Pad-Полица за безжично полнење
Новиот Jeep® Compass ја претставува новата Wireless Charging Pad – Полица за безжично полнење, авангарден систем за полнење на мобилен телефон. Доволно е да се постави некој од уредите кои би ја користеле оваа функција на полицата која се наоѓа на централната конзола и да почека да се вклучи ијаличката за полнење. Сето тоа без потреба од поврзува со кабел. Кога сијаличката ќе светне зелено, телефонот е комплетно наполнет.

Нова дигитална инструмент-табла од 10,25″
На новиот Jeep® Compass може да се визуелизираат информациите за возењето и податоците кои се однесуваат на состојбата на возилото новиот екран во боја 10,25″ Full HD на инструмент-таблата. Ексклузивно во панорамата Jeep®, овозможен е избор помеѓу 12 различни конфигурации за да се добијат потребните информации без одвлекување на вниманието при возење.

Потполно безбедно поврзан
Разменувај пораки, врши повици и слушај ја омилената музика, без да ги одвоиш рацете од воланот и очите од патот пред тебе.

 

Android Auto™

Функцијата Android Auto™, интегрирана во новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ на Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid и компатибилен со функцијата wireless, овозможува лесен и сигурен пристап до гласовните команди, a Google Maps и a Google Play Music преку екранот на допир или командите на управувачот. Благодарение на гласовното препознавање и на новите функции за навигација, може да се достигне на која и да е дестинација без одвлекување на вниманието и потполно безбедно.

*Android Auto, Google Play и и останатите се регистрирани марки на Google Inc.

Apple CarPlay®

Остани поврзан со твојот мобиле телефон без да го одвлекуваш вниманието од возењето со Новиот Jeep® Compass. Wireless функциите на Apple CarPlay® овозможуваат да се користи Твојот iPhone потполно безбедно и да се пристапи до Apple Maps, пораки, телефон и Apple Music преку гласовните команди на Siri.

*CarPlay, iPhone и Siri се регистрирани марки на Apple.

Авангардни системи за безбедност
Нов Jeep® Compass е опремен со најавангардни системи за асистенција при возење за да се гарантира безбедноста на возачот, патниците и останатите учесници во сообраќајот.

Cruise Control Adattivo – Адаптивен темпомат

Електронскиот систем Cruise Control Adattivo (ACC) – адаптивен темпомат ја одржува брзината поставена од возачот и, доколку се доближи премногу до возилото пред твоето автоматски ја адптира брзината за да се одржи безбедното растојание.

Lane Keep Assist – Асистенција за одржување во коловозна лента

За да ја одржи позицијата на возилото во рамките на коловозната лента Системот Lane Keep Assist го предупредува возачот и автоматски ја коригира позицијата на возилото благодарение на силината на кочење на секое од тркалата.

Автономно возење II ниво

За прв пат во панорамата Jeep® дебитира на Новиот Jeep® Highway Assist System (HAS), систем за Автономно возење од второ ниво кое ти помага за време на возењето на автопат или на суперавтопат со лимитиран пристап и одделени коловозни ленти. Co комбинација на Cruise Control Adattivo и Lane Keep Assist, кои се во состојба да го одржат растојанието и контролата на брзината во однос на возилото пред твоето и, истовремено, возилото да остане во коловозната лента и за кога се наоѓа на кривина со поширок лак.

Максимално внимание
Авангардните системи за безбедност наJeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid се проектирани за за да го поддржат возачот и за да се набљудува брзината или растојанието од останатите возила во какви и да е услови.

Intelligent Speed Assist – Интелигентна асистенција за брзината

Штом се наиде на ново ограничување на брзината, Intelligent Speed Assist автоматски интервенира врз брзината на возилото, и ја регулира без каква и да е интервенција од страна на возачот.

Driver Drowsy Detection - Откривање на замор кај возачот

Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid е опремен со Driver Drowsy Detection, технологија го следи нивото на внимание на возачот, и го споредува со неговата состојба во последните 7 минути. Ако вниманието се спушти под минималното ниво, на инструмент-таблата се пали сијаличка, придружена со звучен сигнал, која му предлага на возачот да направи пауза.

Самостојно кочење со препознавање на пешаци

Новиот Jeep® Compass е во состојба да спречи можни судари со возила, препреки и пешаци. Користејќи ја предната телекамера и предниот радар може да се открие присуството на автомобили или луѓе пред автомобилот кој автоматски ги активира кочниците и ги избегнува евентуалните незгоди

Camera 360°
Најлесни маневри, решителни и соодветни, со поголема спокојност благодарение на одличната прегледност околу возилото и на новиот систем за асистенција при паркирање со телекамера на 360º.

Ви треба информација? Разговарајте со нас