Continue

Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid

Технолошка еволуција според Jeep® 4xe: еволуција на 4x4

Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid

Технолошка еволуција според Jeep® 4xe: еволуција на 4x4

Нов Compass 4XE Longitude

Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Longitude ги претставува новите алуминиумски тркала од 17”, новата дигитална инструмент табла од 7“, двозонскиот автоматски клима-уред, сензорите за паркинг и телекамерата Parkview® во сериска опрема. И не само тоа, благодарение на иновативниот Wireless Charging Pad – Полица за безжично полнење, поддршката за полнење на мобилен телефон интегриран директно на централната конзола, може да се наполни мобилниот без кабел.

Нов Compass 4XE Limited

Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Limited ги истакнува линиите  на новата и ексклузивна табла, од која излегува екранот на новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1’’ со екран Ultra HD. И дигиталната инструмент-табла од 10,25“ е комплетно нова и опремена со резолуција Full HD. Во сериска опрема се и алуминиумските тркала од 18”, Затемнетите стакла и Full LED предните светла.

Нов Compass 4xe 80°Anniversary

Елегантниот изглед на Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid 80°Anniversary се истакнува и со новата боја која го нагласува единствениот стил на оваа славеничка верзија. Новата ексклузивна боја Urban Мат зелена ја нагласува елеганцијата на каросеријата, додека деталите во Neutral сива боја го истакнуваат профилот на маската со седум отвори. Надворешниот изглед го комплетираат поткрилата во сјајна црна боја.

Нов Compass 4XE Trailhawk®

На новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Нybrid Trailhawk® може да се се доживеаат нови авантури, како на пат, така и надвор од патот благодарение на 5 начини на возење со новиот систем на контрола SELEC-TERRAIN®. Секако, тука се и новите алуминиумски тркала од 17’’, Full LED предни светла кои ја подобруваат видливоста. Тука е и новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1” со интегриран NAV којшто гарантира непосреден и интуитивен пристап до комуникациските функции, забавата и навигацијата.

Нов Compass 4XE S

Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid S се збогатува со нови технологии и изработени деталите. На располагање се: новиот интелигентен систем за информирање и забава UconnectTM од 10,1’’, нова дигитална инструмент табла од 10,25″, автоматска задна врата, алуминиумски тркала од 19“, LED предни светла со премиум дизајн и седишта memory, кои се во состојба да се самомоделираат според телото за да гарантираат максимална удобност при возење и се опремени со електрично прилагодување.

Нов дизајн на ентериерот
Новата внатрешност е претставена со авангарден дизајн кој ја истакнува естетиката и ја вреднува удобноста.

Еволуција на дизајнот

Внатрешниот простор на Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid е претставен со чисти, хоризонтални линии. Просторот кој е на располагање е повеќе од удвоен и го надминува внатрешниот капацитет од 2,8L до дури 7,2L: идеално за да се соочи со секојдневните предизвици. И не само тоа, вредните материјали и обработките на таблата и седиштата му даваат на овој компактен SUV единствен стил.

НОВА АВАНГАРДНА ТЕХНОЛОГИЈА
За да се искуси уште позабавно, посигурно и подлабоко доживување при возењето, Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid нуди нови авангардни технологии како што е новиот интелигентен систем за информирање и забава  Uconnect™ од 10.1“ и асистентот за гласовно препознавање “Hey Jeep®” .

Нов систем за информирање и забава  Uconnect™ од 10.1“

Од новата табла на Compass 4xe Plug-In Hybrid излегува новиот екран на допир од 10,1“ на новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™, зголемен за 30% во однос на претходната генерација и опремен со резолуција Ultra HD. Новиот оперативен систем гарантира 5 пати побрза навигацијата и нуди можност за  да се персонализира интерфејсот, да се пристапи до саканите апликации и да се создадат до 6 различни кориснички профили.

Полнење на мобилен телефон со Wireless Charging Pad - Полица за безжично полнење

Со Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid може да се наполни мобилниот телефон без да се користи кабел, односно со Wireless Charging Pad*. Доволно е да се постави уредот на полицата вградена на на централната конзола: една сијаличка го покажува нивото на полнење.

e-Coasting

Системот e-Coasting интервенира како замена на моторната кочница откако ќе се отпушти педалата за гас, овозможувајќи надополнување на енергија во фазата на успорување кога педалата за кочница е отпуштена. Регенративното кочење го максимизира надополнувањето на енергија при отпуштањето на педалите за гас и за кочница. Оваа функција овозможува да се генерира поголема количина на електрична енергија која се пренасочува во пакетот батерии.

НОВИ НИВОА НА БЕЗБЕДНОСТ
Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid е опремен со сите системи за активна и пасивна безбедност кои се од второ ниво на автономно возење и се во состојба да гарантираат максимална заштита при возење.

Дознајте повеќе

УШТЕ ПОМОДЕРЕН ИЗГЛЕД
Нови линии, модерни и строги, за иконата на возењето во град.

Нови стилски детали

Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid ги истакнува неговите решителни линии благодарение на новиот дизајн на предната маска со седум отвори. Алуминиумските тркала од 17’’, 18’’ и 19’’, со обработки во Satin сива боја или Gloss црна, се издвојуваат по автентичноста. ексклузивниот беџ 4xe и сините инсерти, пак, го нагласуваат единствениот стил. Секако, благодарение на додатоците Mopar® може да се да се достигне максимално ниво на персонализација.

ПЕРФОРМАНСИ БЕЗ КОМПРОМИСИ
Jeep® повторно го измислува интегралниот погон со комбинација на типичниот погон 4×4 со електричниот мотор. Перформансите дополнително се подобрени и истовремено, намалени се потрошувачките и емисиите

Избери го твојот стил

Три различни начини на возење: Hybrid ги користи и двата мотори, Electric го користи само електричниот мотор, E-Save го одржува полнењето на батеријата при што ја зголемува ефикасноста на системите за автономно полнење.

Нова ера на мобилност Jeep®
Jeep® Compass влегува во светот на електрификацијата со новата технологија 4xe. Неспоредливиот интегрален погон на Jeep® во комбинација со исклучителниот електричен мотор. Сосем нов концепт на мобилност, еден екосистем на услуги и решенија кои се развиваат во светот на Jeep®.

ПОЛНЕЊЕ НА ЕДНОСТАВЕН НАЧИН

Во сериска опрема на секој Jeep® 4xe Plug-In Hybrid, спаѓа и кабелот за домашно напојување што овозможува да се наполни батеријата со едноставно поврзување на домашната електрична мрежа. Како опционал, освен кабелот 3, потребен за полнење од јавните столбови за полнење, на располагање е и новиот easyWallbox, интуитивен уред, интелигентен и поврзан, кој лесно се инсталира дома и располага со технологија plug and play и овозможува значително да се намали времето на полнење. easyWallbox ја одредува енергетската апсорбција на домот и автоматски ја подобрува испорачаната моќноста при што спречува целосно иклучување.

МАКСИМАЛНА ГАРАНЦИЈА

Батериите од 11,4 kWh на автомобилите со технологија 4xe Plug-In Hybrid располагаат со најдобрата гаранција во сегментот: 8 години и 160.000 km.

EASYWALLBOX
Новиот easyWallbox, на располагање како опционал, е интелигентен уред што овозможува да се намали времето на полнење. easyWallbox е во состојба да ја одреди енергетската апсорбција на домот и да ја прилагоди моќноста при полнење спречувајќи целосно иклучување. Секако, ја меморира историјата на полнење со што ги предвидува и вообичаените максимални потрошувачки за да го подобри полнењето.

Ви треба информација? Разговарајте со нас