Continue

JEEP® CHEROKEE

Откријте нови авантури со стил

JEEP® CHEROKEE

Откријте нови авантури со стил

ПРИКАЗНА ОД ВНАТРЕШНОСТА

Внатрешноста на Cherokee е израз на стил и префинетост, до последниот детаљ. Достапото греење на управувачот обложен во кожа е добредојден додаток за време на студените зимски денови. Истакнатите детали од хром метал го разигруваат  внатрешниот стил со истакнување на управувачот, централната конзола, менувачот и рачките од вратите.

ЗАЗЕМЕТЕ ГИ СВОИТЕ МЕСТА

Седишта со црна ткаенина се стандард кај Cherokee Sport за максимална удобност без оглед на временските услови.

ВНАТРЕШНОСТА НА OVERLAND

Уживајте во врвната убавина и удобност на ентериер со новиот Jeep® Cherokee Overland. Новиот дизајн на седиштата обезбедува удобност и максимално држење, достапно со греење на предните Nappa кожни седиштата. Додека високот сјај на Zebrano дрвениот волан и новите 19-инчни полирани алуминиумски тркала додаваат префинет стил.

ПОДОБРЕНИ АЛАТКИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Новиот Jeep®Cherokee е дизајниран за да одговара на вашиот животен стил. Уживајте во сестрано и прилагодено седење, поедноставување на погодностите при возење на патот и многу повеќе.

МОЌНА ЗАДНА ВРАТА

Држете ги рацете слободни додека со помош на вашата нога ја активирате задната врата од багажникот. Лесен начин на вчитување и активирање за отворање на вратата од багажникот и функционалности обезбедени преку паметната технологија. Едноставно поставете ја вашата нога под задниот браник за лесна и брза активација на задната врата.

60/40 ПРЕКЛОПУВАЊЕ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

Без разлика дали сте планирале да го преполните вашиот багаж со играчките на вашите деца или да го ставите вашиот гумен кајак, Cherokee има флексибилност да го засили вашиот активен животен стил. Достапноста за 60/40 преклопување на задните седишта напред-назад нуди способност за прилагодување на многу избори за внатрешни конфигурации.

ЛИЗГАЊЕ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

Кога на патниците од задните седишта им е потребен повеќе простор на располагање достапно им е задното лизгачко седиште.

ПАМЕТНА БАЗА

Постои место за сè што ви треба во новиот Jeep® Cherokee. Подобрени мали простори за складирање кои се дизајнирани сигурно, безбедно и технолошки да ве оддржуваат за сите ваши нови авантури.

ТОВАРЕН ПРОСТОР

Изобилуваат опциите за складирање. Cherokee , располага со скриен простор во делот на внатрешниот багаж кој што лесно може да се отвори за безбедно и сигурно складирање на вашите дополнитени работи. *На располагање кога нема резервна гума.

ВРЕМЕНСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Не дозволувајте студот да ве спречи во вашето истражување. Новиот Jeep® Cherokee е опремен со најразлични достапни функции за сите временски услови, дизајнирани да ви помогнат во различни временски околности.

Греење на седиштата

Функционалноста за греење на седиштата овозможува брзо загревање на истите кои ќе ви обезбеди вистинско пријатно чувство додека патувате.

Греење на воланот

Нека ви бидат рацете секогаш топли во текот на зимските месеци со можноста за загревање на воланот во кожен облик.

Двозонска автоматска клима - уред

Благодарение на две групи на контроли, можете да креирате своја сопствена микроклима достапна со автоматската двојна зона на температурата.

Ви треба информација? Разговарајте со нас