Continue

JEEP® CHEROKEE

Откријте нови авантури со стил

JEEP® CHEROKEE

Откријте нови авантури со стил

ВОЗЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ИДНИНАТА

Имајте ја контролата врз вашето возило и податоци благодарение на системот Uconnect™, кој секогаш ќе ви овозможи забава и информации. Зголемете ја јачината на звукот и поврзете го вашиот компатибилен медиски уред, пуштете музика на Uconnect™ екранot преку USB-портата, SD-картичка или помошната порта. Со новиот Jeep® Cherokee, технологијата никогаш не била толку функционална и забавна.

ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ ВО ВАШИОТ ПРОСТОР

Слушајте ја вашата омилена музика. Сè што ви треба за да стигнете до вашата дестинација е доведено до вас со богат звук преку различни приклучоци. Jeep® Cherokee располага со премиум звук со 9 звучници со 8″сабвуфер и моќност од 506W, дизајниран во тандем со Alpine®.

JEEP® CHEROKEE ALPINE® ЗВУЧЕН СИСТЕМ

BLUETOOTH® ПОВРЗУВАЊЕ

HANDS FREE ПОВРЗУВАЊЕ

КОНТРОЛИ

Jeep® Cherokee нуди најсовремена технологија која ви овозможува да контролирате сè на едноставен начин. Промена на радио станица, регулирање на јачината на звукот или да изберете нова песна. Избери контакт што сакате да го повикате без да ги тргнете рацете од воланот. Доволно е само еднаш да пробате и повеќе никогаш да не се одвоите од најсовремента технологија на новиот Jeep® Cherokee.

7" TFT ДИСПЛЕЈ

Достапниот дигитален дисплеј на новиот Jeep® Cherokee нуди најсовремена технологија која ви ги овозможува сите потребни информации на вградениот 7-инчен целосно нагоден конфигурациски екран.

ЕКРАН НА ДОПИР

Контрола на навигација, забава, клима и телефон сите на едно место. Управувајте со опцијата за автоматско затемнување на стаклото директно од екранот на допир, погледнете ги уличните мапи и места кои што сакате да ги посетите со новите функционалности Pinch-To-Zoom и Drag’n’Drop.

PARKVIEW® ЗАДНА КАМЕРА

Маневрирајте лесно кон паркинг местото со стандардната задна камера ParkView® . Системот прикажува видео слика на задниот дел со динамични гранични линии кога ќе смените во степен наназад. Со известување на екранот или звучен сигнал, ParkView ќе го привлече вашето внимание кон скриените објекти назад.

СИСТЕМИ UCONNECT™

Најнапредниот систем Uconnect™ ви овозможува да останете секогаш поврзани со останатиот свет. Безброј функционалности, подобрување на перформансите, подобро време за стартување, нагласена моќ на процесирање, подобрена респонсивност на екранот чувствителен на допир и живописна јасност со подобрена резолуција и осветлување сето тоа достапно од вашите прсти.  На располагање е поврзување и поддршка со апликациите на APPLE CARPLAY® и ANDROID AUTO™

БЕЗБЕДНОСТ

Со напредна технологија дизајнирана да ви помогне на вас и вашите најблиски безбедно и сигурно да патувате. Новиот Jeep® Cherokee доаѓа со електронската контрола на стабилноста (ESC) која користи мрежа на безбедносни сензори кои помагаат во одржувањето на контролата на возилото.

СИЛНА ЗАШТИТА

65% челик со висока цврстина се користи за платформата за новиот Cherokee што создава стабилна структура на телото со која што се зголемува заштитата при удар и ја оптимизира динамиката на возилото и тежината. Осум стандардни напредни воздушни перничиња, вклучувајќи воздушни перничиња со целосна должина и воздушни перничиња за возачот и совозачот на колената кои работат во тандем да помогнат да се обезбеди заштита на патниците во возилото.

ПРЕКУ 80 ФУНКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ

Достапни се преку 80 стандардни функции за безбедност и сигурност, за да се впуштите комплетно во авантура без ни малку грижи. Достапени се: надгледување на мртов агол , ParkSense® систем за асистенција при паркирање назад , Passive Entry, Keyless Enter ‘n Go™ и многу други функции кои го опремуваат новиот Jeep® Cherokee со безбедност и сигурност на кои што можете да се потпрете.

ПАРКИРАЊЕТО СТАНА ЛЕСНО

Возењето на вашето возило во и надвор од паркинг простори може да биде предизвик. Новиот Cherokee е достапен со три системи со цел да помогне да се направи патот побезбеден и посигурен. Маневрирајте лесно кон паркинг местото со ParkSense® Front и Rear Park Assist System со 4 сензори лоцирани во предниот и задниот дел од возилото. Додека со Parallel и Perpendicular Park Assist напредениот систем секогаш ќе ги препознавате слободните места за паркирање.

Ви треба информација? Разговарајте со нас