Continue

Jeep® Renegade

СОВРШЕН ЗА ТВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

ПОБАРАЈ ПОНУДА

ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

Jeep® Renegade

СОВРШЕН ЗА ТВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

ПОБАРАЈ ПОНУДА

ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

До
60
безбедносни и заштитни функции

Инструмент-табла од
7”

Алуминиумски тркала до
156 КС

ДО
1500 KG
Капацитет на влечење

LONGITUDE

Нурни се во авантура. Нивото на опременост Jeep Longitude содржи неодолива опрема која нуди комфор, безбедност и технологија.

Возила на лагер


  • АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА ОД 16”
    Откриј повеќе


  • LANE DEPARTURE WARNING PLUS – ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
    Откриј повеќе


  • KEY LESS ENTRY* – ВЛЕГУВАЊЕ БЕЗ УПОТРЕБА НА КЛУЧ
    Откриј повеќе


  • Систем Uconnect™ од 7”
    Дознајте повеќе

Limited

Limited е синоним за задоволство при возење, какво што немало досега. SUV кој нуди комфор и безбедност, со исклучителна опременост како што е системот за информирање и забава Uconnect™.

Возила на лагер


  • АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА 17’’
    Откриј повеќе


  • Adaptive Cruise Control – Адаптивен темпомат
    Откриј повеќе


  • СИСТЕМ Uconnect™ 8,4”
    Откриј повеќе


  • ДВОЗОНСКИ КЛИМА-УРЕД
    Дознајте повеќе

НАДВОРЕШНОСТ

ИКОНСКИОТ ИЗГЛЕД НА МАРКАТА JEEP®

Иконските форми на Renegade се во тек со времето. Предна маска со седум отвори, долна маска, шипки за товар на покривот, нови бои на каросерија и Full LED предни светла се само некои од новитетите на надворешноста.

ВНАТРЕШНОСТ

МАКСИМАЛЕН КОМФОР 

Jeep® Renegade е проектиран за комбинирање на просторноста, комфорот и технолошката опрема од последната генерација.
Внатрешноста ги соединува функционалноста и разновидната намена, благодарение на задното седиште на преклопување 40-20-40, на платото за товарење кое може да се конфигурира и на бројните простори за предмети.

Материјалите од кои е изработена внатрешноста се со висок квалитет и нежни на допир се комбинираат со премиум опремата, како што се седишта и волан кои се загреваат и предни седишта со електрично прилагодување на положбата.

СЕДИШТА НА ПРЕКЛОПУВАЊЕ 40/20/40

Управувај со просторот за товарење на едноставен и интуитивен начин благодарение на седиштата кои лесно се преклопуваат 40/20/40.

СЕДИШТА СО КОНТРАСТНИ ШЕВОВИ

Стилот го пресретнува комфорот. Формите на седиштата се збогатени со контрастни шевови со што се нагласува персоналноста на Jeep® Renegade 4xe PHEV.

ПЛАТО ЗА ТОВАРЕЊЕ ШТО СЕ КОНФИГУРИРА

Иновативното плато за товарење може да се подигне за да се олесни товарењето или пак да се спушти за да се создаде повеќе простор.

ДИМЕНЗИИ

Димензиите на Jeep Renegade нудат удобност и просторност за да се има пријатно чувство за време на патувањето. Вклучувајќи ги и најекстремните авантури

МОЌНОСТ И РАЗНОВИДНА НАМЕНА

Jeep® Renegade покажува голема флексибилност кога се работи за перформансите. Гамата на мотори, како бензински, така и дизел е совршена за секојдневната рутина и за да ги задоволи потребите на најавантуристичките карактери

СИГУРЕН И СИЛЕН НА СЕКОЕ МЕСТО

Jeep® Renegade ќе ги направи сите твои патувања уште полесни со едно ново ниво на задоволство при возење. Благодарение на неговите напредни уреди за помош при возењето, Renegade е во состојба да го одржува растојанието од возилото пред него и да се задржи во коловозната лента преку активно дејствување на воланот

ПОВРЗУВАЊЕ КОЕ ПРАВИ РАЗЛИКА

Уживај во секое патување, благодарение на системот за информирање и забава Uconnect™ со HD екран во боја на допир од 8,4’’, кој ги надгледува главните параметри на возење на едноставен и интуитивен начин, благодарение на дигиталната инструмент-табла од 7’’.

МАКСИМАЛНА ПЕРСОНАЛИАЗЦИЈА СО ДОДАТОЦИТЕ НА МОПАР

Прилагоди ја естетиката и разновидноста на твојот нов Jeep® Renegade или направи го уште пофункционален благодарение на додатоците Mopar®.

МРЕЖА ЗА ПРИДРЖУВАЊЕ НА БАГАЖОТ

Мултифункционална мрежа за придржување на багажот во товарниот простор (на подот, на потпирачот за грб, странично), на тунелот од совозачката страна или под задното седиште. Црна боја. Со лого на Jeep. Опремен со систем за фиксирање со специјален велкро-систем. Употребата може да варира во зависност од моделот, за што треба да се погледне во упатството.

ПРЕМИУМ ПАТОСНИЦИ

Патосници направени од рециклиран најлон благодарение на соработката со Econyl. Сет од 4 патосници за лева возачка страна.

НОСАЧИ НА КУФЕРИ И ШИПКИ ЗА ТОВАРЕЊЕ НА ПОКРИВОТ

Комплет составен од 2 челични шипки на покривот на автомобилот. Максимален капацитет 40 кг. Прицврстувањето на покривот на автомобилот е брзо и лесно.

ПОСЕБЕНА НАЛЕПНИЦА

Персонализирај го сопствениот стил на твојот нов Jeep® Renegade со посветената црна налепница за хаубата што се истакнува во контраст со бојата на каросеријата.

ОТКРИЈ ГО JEEP® НА НАЧИН КАКО ТЕБЕ ТИ ОДГОВАРА

Одбери го твојот Jeep® Renegade во продажен салон или од удобноста на твојот дом.

Продажни салони

Ако повеќе сакаш да дознаеш повеќе за Jeep во продажен салон, може да појдеш до најблиското место или да го контактираш салонот по твоја желба.

Продажни салон

CARSTORE – избери нов Jeep онлајн

Откриј ја деталната понуда на возила на лагер, достапни за испорака веднаш

Возила на лагер

Потрошувачката на гориво на Jeep® Renegade (l/100 km) е: 6,1 – 5,7; издувни емисии на CO2 (g/km): 139-130, во согласност со одредбата на ЕУ 1999/94. Хомологираните вредности се одредени според комбинираниот циклус WLTP, врз основа на кој, новите возила се ажурирани на ден 31 март 2022 година. Вредностите се наведени за споредбени цели.

Важно: ефективните вредности на потрошувачка на гориво како и на издувните емисии на CO₂ може многу да се разликуваат и да варираат во зависност од условите на употреба на возилото и разни фактори како што се: опционалите, надворешната температура, стилот на возење, брзината, вкупната тежина на возилото, користење на одредена дополнителна опрема (Клима-уред, греење, радио, навигатор, светла итн.), типовите и состојбата на пневматиците, состојбата на патиштата, климатските услови итн.

Ви треба информација? Разговарајте со нас