Continue

Jeep Compass 4xe PHEV

Еволуција на видот

Jeep Compass 4xe PHEV

Еволуција на видот

Нов дигитален екран на допир

Дигиталната инструмент табла со екран од 7’’ co нова графика, ти нуди постојано ажурирање на податоците за автомобилот и за твојот начин на возење.
Новата поставеност на USB приклучокот овозможуваат лесна и интуитивна употреба. Ништо не може да те запре.

Зголемена мобилност

Имај доверба во технологијата од најновата генерација со која е опремен новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid. Благодарение на системот за информирање и забава и на неговите различни функции и разонода, биди во контакт со иднината на марката Jeep®.

Uconnect™ Nav со екран на допир од 8,4’’

Испробај ја напредната интелигенција на Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid. Новиот интерактивен систем Uconnect™ од четвртата генерација е опремен со нов екран на допир HD од 8,4’’ кој овозможува да се активира брзо која и да е функција преку командите на воланот, на екранот или гласовните команди. Поврзи го твојот мобилен телефон и управувај со сите твои задолженија и потреби без да го свртиш погледот од патот пред тебе.

e-Coasting

Новиот систем  e-Coasting овозможува да се наполни батеријата за време на секое патување. Оваа нова технологија, кога ќе се активира, ја оптимизира негативната моќност која се генерира во моторната кочница за да се наполни батеријата.

Совршена симбиоза

Благодарение на  функциите  Apple CarPlay и Android AutoTM интегрирани во системот за информирање и забава, постојано го имаш со себе целиот твој свет, твоите контакти, твојата музика и твојот пат по кој се движиш, за да патуваш поврзан со твојот свет.

 

Apple CarPlay

Продолжи да ги договараш твоите состаноци, да примаш повици ида се јавуваш, и кога си зад воланот. Поврзи го твојот iPhone на системот Uconnect™ од 8,4″. Apple CarPlay ти овозможува да пристапиш до Apple Maps, пораките, телефонот и Apple Music преку гласовните команди на Siri.

Android AutoTM

Co Android Auto™ лесно можеш да пристапиш до преку гласовните команди, до Google Maps и до Google Play Music, користејќи го новиот екран на допир од системот Uconnect™. Благодарение на гласовното препознавање, слободно размислувај само за патот по кој возиш, без да го насочуваш вниманието на друго нешто.

Заштити на внатрешноста

На новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid се инсталирани дури 70 системи за сигурност од најновата генерација. Внатрешноста те заштитува тебе и твоите сопатници, додека технологиите од најновата генерација  ти помагаат во текот на возењето  и го заштитуваат твојот интегритет , како и интегритетот на тсекој што ќе го сретнеш на патот.

Maксимална заштита

Благодарение на системите за сигурност на новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid имаш на располагање  најдобра технологија како поддршка  во возењето, која ти помага да ги набљудуваш  брзината или оддалеченоста на останатите возила во какви и да е услови.

Adaptive Cruise Control

Овој систем овозможува да се постави и одржи брзината при пресретнување, исто како и безбедната оддалеченост од возилото пред твоето. Исто така може комплетно да го запре движењето на твојот автомобил во случај на потреба или опасност, без притоа, возачот да треба да интервенира.

Park View® co динамичка мрежа

Сликата од задната камера Park ViewTM при движење наназад се појавува на екранот од навигаторот кога менувачот се става во брзина наназад. Оваа камера зафаќа широк агол на просторот зад возилото и поседува динамичка мрежа која му помага на возачот додека се движи наназад или во тесен простор.

Активна сигурност

Новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid гарантира сигурност без компромиси. Напредните системи за сигурност и заштита  со кои е опремен те ставаат во услови на  уживање при возењето.

Blind Spot Monitoring - прегледност во „слепите“ агли

Системот Blind Spot Monitoring – прегледност во „слепите“ агли, го предупредува возачот за друго возило кое се наоѓа во пределот на „слепиот“ агол преку сијаличка и звучен сигнал. На овој начин, сите корисници на патот по кој се движи возилото ќе ја исползуваат максималната сигурност.

Lane Departure Warning Plus – Предупредување за несакано излегување од лентата

Овој дел од сигурносната опрема, во серија на Jeep® Compass, ја открива позицијата на автомобилот во внатрешноста на коловозната лента. Во случај да се забележи несакано излегување од лентата, ќе го предупреди возачот и ќе ја поправи позицијата на возилото така што ќе го врати на коловозната лента.

Forward Collision Warning Plus - Предупредувањето за можен фронтален судир

Системот за предупредување за можен фронтален судир му доставува на возачот визуелни и звучни предупредувања кога се приближува премногу брзо до некое возило или пак друга пречка кои би се нашле на патот на возилот за да може истите да се избегнат или барем да се ограничи потенцијалниот судир..

Автоматски фарови

Фаровите можат да бидат поставени така да се вклучат или исклучат автоматски во зависност од светлината. Ваквата поставеност ја подобрува прегледноста на возачот и го зголемува степенот на сигурност во услови на слаба осветленост на патот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас