Continue

Jeep Compass 4xe PHEV

Еволуција на видот

Jeep Compass 4xe PHEV

Еволуција на видот

Во центарот на вниманието

Единствен и незаменлив дизајн кој се огледа и во внатрешноста на новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid ги задоволува твоите најголеми потреби за комфор, простор и технологија и ти овозможува најубаво доживување на секое твое патување. Од опшивките на седиштата, па сè до деталите на инструмент таблата, до позицијата на централниот тунел и големата инструмент табла, насекаде владее елеганцијата.

 

Радио UconnectTM Nav 8,4’’

Следи ги параметрите  за капацитетот на батеријата. На екранот на радиото UconnectTM Nav со екран на допир од 8,4’’ можеш да го следиш нивото на енергија, да ја прикажеш  хронологијата на извршените полнења и да ја провериш ефикасноста на твојот стил на возење.

Hybrid mode selector – Селектор за избор на хибриден начин

Дома, на работа, на вежбање: секојдневието е создадено од места на кои треба да отидеме. Како ќе го направиме тоа, зависи од секој од нас. Твое е да избереш еден од трите понудени начини на возење и да ја подобриш моќноста и ефикасноста.

Selec-Terrain™

Соочи се со патот пред тебе во какви и да се условите за возење. Благодарение на Selec-Terrain™ постави ја рачно твојата шема на возење, која одговара најмногу на теренот по кој се движиш, избери помеѓу Sand (песок), Rock*(камен), Snow (снег) и Sport (спорт). Или пак стави го селекторот во начинот Auto и довери му го изборот на твојот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid. Никогаш нема да погреши.

*Rock (камен) е на располагање само на верзијата Trailhawk.

Инструмент табла – екран на допир од 7’’

Состојба на батеријата, остаток автономија и прикажувања во реално време за тоа како да го подобриш стилот на возење: инструмент таблата е совршена и бесценета поддршка во текот на секое патување, пред сè во светот на 4xe PHEV.

e-Coasting

Оваа нова технологија овозможува да се полни батеријата, надоместувајќи од кинетичката енергија која се произведува за време на успорувањето. И движењето е форма на полнење во светот на 4xe PHEV.

Ослободи го погледот кон небото

Помеѓу опционалите на новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid предвиден е и My Sky, Системот овозможува уживање во панорамскиот  поглед, благодарение на двојните панели со електрична функција за отворање и наклонување.