Continue

Целосно нов
Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid

Највисок израз на Jeep® ставот

Седни зад воланот на целосно нов Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid: комплетно нов надворешен дизајн, целосно нова внатрешност со изработка од светска класа, иновативна технологија, напредни безбедносни уреди и совршена рамнотежа на држењето на пат, перформансите 4xe и легендарните можности 4x4.

Целосно нов
Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid

Највисок израз на Jeep® ставот

Седни зад воланот на целосно нов Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid: комплетно нов надворешен дизајн, целосно нова внатрешност со изработка од светска класа, иновативна технологија, напредни безбедносни уреди и совршена рамнотежа на држењето на пат, перформансите 4xe и легендарните можности 4x4.

ПОСЛЕДНА ГРАНИЦА НА JEEP® ТЕХНОЛОГИЈАТА

Зачекори во новата димензија на Jeep®технологијата. Новиот Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid располага со врвни системи кои гарантираат најдобро поврзување на воланот, најлесно ракување со информациите, како и со најнапредните технологии, дизајнирани за забава, за време на возењето. Секако, тука се и системите воведени со погонот 4xe Plug-In Hybrid.

10.1’’ Uconnect™ СИСТЕМ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА

Новиот Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid го доведува твоето доживување при возење на повисоко ниво благодарение на неговата напредна технологија. Радиото од 10,1” Uconnect™ со екран на допир и навигатор ти ја нуди целата конекција во светот 4x. Екранот е со Ultra HD резолуција, процесорот е до 5 пати побрз и до сите команди може да се пристапи побрзо благодарение на поинтуитивното мапирање на содржината и понепосредните гестови на допир. Исто така, можно е да се приспособи интерактивната лента за лизгање благодарение на функционалноста за лизгање и можноста за влечење и испуштање апликации и додатоци, додавајќи ги во омилените. Системот Uconnect ™ природно се поврзува со Apple CarPlay и Android ™ Auto, така што е полесно да останеш поврзан без да ти се одвлекува вниманието од возењето.

 

OFF-ROAD СТРАНИЦИ

Снимај ги сите информации од твоите патувања и авантури , како што се мапи, теренски параметри со точки за навигација, положба на возилото, највисока и најниска надмосрка висина, временски параметри и уште многу нешта.

БЕЗЖИЧНИ АВТОМАТСКИ АЖУРИРАЊА OVER THE AIR

Благодарение на технологијата од најновата генерација, вградениот систем може автоматски да се ажурира, без да мора да се отиде кај продавачот. Благодарение на системот Over the air и постојано активната 4G конекција, преку која може постојано да се врши ажурирање на мапите и содржините.

НОВА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА ОД 10.25’’

Новата инструмент-табла има целосно приспособлив интерфејс и ги прикажува сите параметри за возење, вклучувајќи го статусот на батеријата, преостанатата автономија и нивото на полнење. Новата Full HD дигитална инструмент табла со екран во боја доаѓа во формат од 10,25” со активна површина од 244 mm x 91 mm. Може да се изберат до 12 различни конфигурации што овозможуваат да се прилагодат и конфигурациите, организиранопста и приспособувањето на содржините.

 

ЕКРАН НА ШОФЕРШАЈБНАТА

Новиот 10” екран, кој благодарение на радиото UconnectTM , прикажува суштински информации директно на шофершајбната, овозможувајќи погледот постојано да ти биде на патот пред тебе.

10’’ ЕКРАН ЗА ПАТНИЦИТЕ

Во внатрешноста на Grand Cherokee сите патници се важни. Совозачот може да смета на ексклузивниот интерактивен екран од 10” кој гарантира револуционерна забава и контрола на совозачот. Со едноставен допир ќе може да пребарува и да му обезбеди на возачот потребни дестинации , да ги поврзе безжичните уреди и да ужива во забавата.

PREMIUM MCINTOSH® АУДИО СИСТЕМ

Уживај во најдобрите саундтракови во твоите авантури. Ова ниво на опременост, во сериска опрема вклчучува го најсовремениот аудио систем создаден од McIntosh®, опремен со засилувач со 17 канали што гарантира моќност до 950 W и 19 звучници дизајнирани по нарачка, вклучително и 10” сабвуфер.

СИГУРЕН ВО НЕГОВАТА БЕЗБЕДНОСТ

Со повеќе од 110 стандардни безбедносни карактеристики, новиот Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid гарантира спокојно патување. Тоа е основното чувство што му го влева на секој возач на Jeep®: безбедност и слобода да истражува, целосно доживувајќи ја својата авантура. Поради оваа причина, благодарение на врвните технолошки системи, Grand Cherokee гарантира ниво 2 на автономно возење *.

* Системот е достапен само на одредени нивоа на опременост

ВИСТИНСКА ДЕМОНСТРАЦИЈА НА КАРАКТЕР

Новиот Jeep® Grand Cherokee ја поседува последната граница во однос на безбедносните системи и најсовремените технологии, достигнувајќи го нивото 2 на автономно возење. Новиот Grand Cherokee може да го визуелизира патот, да го разбере околниот простор и да чита ситуации за да спречи ризици, што ќе ти овозможи да возиш поспокојно. Главните параметри за возење и суштинските безбедносни информации се појавуваат на приспособливиот збирен дигитален екран во боја од 10,1”, додека новиот Head Up екран ги проектира главните информации на шофершајбната без да влијае на видливоста.

КАМЕРА СО 360° ПТИЧЈИ ПОГЛЕД* 

Денес е многу полесно да се изведуваат маневрите при паркирање, благодарение на погледот од височина со 360° којшто го прикажува просторот за паркирање. Оваа функција може да се добие и со мануелен и со автоматски менувач.

*функцијата е достапна само на одредени нивоа на опременост

ПОМОШ ПРИ ВКРСТЕНО ПРЕМИНУВАЊЕ

Го открива ризикот од судир додека преминуваш друго возило и влегуваш во т.н. ножици и предупредува за евентуален ризик, а доколку е потребно, автономно ја активира кочницата.

* функцијата е достапна само на одредени нива на опременост

ОТКРИВАЊЕ ЗАМОР КАЈ ВОЗАЧОТ

Го следи движењето на воланот и позивијата на возилото во коловозната лента. Во случај на повторување возилото да настојува да излезе од лента, со звучен и светлосен сигнал го предупредува возачот и препорачува да направи пауза и да се одмори.

*функцијата е достапна само на одредени нивоа на опременост

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ

Користејќи ја предната камера ги открива сообраќајните знаци на патот и ги преттавува на 10.25” Збирен екран на допир на инструмент-таблата и на екранот на шофершајбната.

*функцијата е достапна само на одредени нивоа на опременост

ПОМОШ ПРИ ПАРАЛЕЛНО И ПАРКИРАЊЕ ПОД ПРАВ АГОЛ

Јасност и безбедност дури и за најчестите маневри. Благодарение на ултрасоничните сензори овој активен систем го олеснува паркирањето на каков и да е простор, преку активно водење на возачот. Вклучлува и ParkSense® и задни сензори за паркирање.

*функцијата е достапна само на одредени нивоа на опременост

АВТОМАТСКО КОЧЕЊЕ ПРИ НЕЗГОДА

Благодарение на помошта на камерата и радарот поставени на предниот дел на возилото, оваа технологија открива присуство на возила и пешаци долж патот и автоматски ја активира кочницата доколку е потребно, спречувајќи евентуални незгоди.

*функцијата е достапна само на одредени нивоа на опременост

НОЌНО ГЛЕДАЊЕ И НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ВИДЛИВОСТ*

За да помогне при ноќно возење, автомобилот е опремен со високотехнолошки предни сензори за препознавање на пешаци и животни. На панелот за возење се прикажува слика, со предупредување за потенцијалната опасност. Дополнително, новиот Jeep® Grand Cherokee е опремен со панорамска камера од 360 °, ексклузивен дигитален заден ретровизор со интегрирана камера и систем за помош при паркирање, од суштинско значење за сите маневри.

*функцијата е достапна само на одредени нивоа на опременост