Continue

Целосно нов
Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid

Највисок израз на Jeep® ставот

Седни зад воланот на целосно нов Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid: комплетно нов надворешен дизајн, целосно нова внатрешност со изработка од светска класа, иновативна технологија, напредни безбедносни уреди и совршена рамнотежа на држењето на пат, перформансите 4xe и легендарните можности 4x4.

Целосно нов
Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid

Највисок израз на Jeep® ставот

Седни зад воланот на целосно нов Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid: комплетно нов надворешен дизајн, целосно нова внатрешност со изработка од светска класа, иновативна технологија, напредни безбедносни уреди и совршена рамнотежа на држењето на пат, перформансите 4xe и легендарните можности 4x4.

НОВА МОЌ

Моќта на новиот Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid доаѓа од синергијата на двете погонски единици со високи перформанси: 2,0-литарски бензински I-4 турбо мотор кој може да испорача до 272 КС и новиот електричен мотор кој може поединечно да понуди до 145 КС. Во комбинирана употреба, моќта на Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid може да достигне до 380 КС во комбинација.

Термички мотор
2.0 L турбо-бензински мотор AT8 со 272 КС
2.0 турбо-бензинскиот мотор, инсталиран напред, самостојно може да испорачува моќност до 272 КС (200 kW). Максималниот вртежен момент, пак, достигнува 400 Nm.
Електричен мотор
e-Motor од 145V
Поставен пред преносот, овој мотор е во состојба да испорача максимална моќност до 107 kW (145 КС) со максимален вртежен момент веќе при ниски вртежи што достигнува 245 Nm.*

*Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid: емисиите на CO2 (под полно оптоварување и во комбиниран циклус) изнесуваат (g/km): 68-60. Потрошувачката на гориво (под полно оптоварување и во комбиниран циклус) изнесува (l/100 km): 2.9-2.6; Потрошувачката на електрична енергија (ECAC под полно оптоварување и во комбиниран циклус) изнесува (kWh/100 km): 30.3-32.7.
Вредностите за одобрување на типот утврдени врз основа на циклус под полно оптоварување на WLTP, се ажурирани на 17 мај 2022 година. Наведените вредности се за споредбени цели.

СЕКОГАШ ПОЛН

Соочи се со твоите секојдневни авантури спокојно, бидејќи новиот Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid може да смета на батерија од 17,3 kWh што може да се наполни на едноставен и интуитивен начин благодарение на различните решенија дизајнирани од Jeep®.

ПОЛНИ ГО ДОМА

Наполни го твојот нов Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid во удобноста на твојот дом со испорачаниот стандарден кабел. Алтернативно, ако сакаш да го намалиш времето на полнење и да ја оптимизираш испораката, можеш да сметаш на новиот easyWallbox направен од Mopar.

ПОЛНИ ГО КАДЕ И ДА Е

На пат, можеш да го полниш твојот нов Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid на речиси секоја јавна станица за полнење со користење на кабелот Mode 3 – достапен како опционал.

ПОЛНИ ГО ДОДЕКА ВОЗИШ

Наполни ја батеријата на твојот нов Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid и додека возиш. e-Coasting car технологијата ја трансформира кинетичката енергија произведена при забавување, кочење или возењ во лер во енергија подготвена за употреба.

СЕЛЕКТОР ЗА ХИБРИДЕН НАЧИН НА ВОЗЕЊЕ

Избери го стилот на возење што најмногу одговара на твоите потреби во новиот Jeep® Grand Cherokee 4xePlug-In Hybrid. Благодарение на селекторот за хибриден начин на возење, може да се изберат три различни начини на возење. Хибридниот начин гарантира комбинирана употреба на двата мотори; e-Save овозможува полнење на батеријата за време на возењето или да се задржи полнењето подоцна, доверувајќи го погонот само на термичкиот мотор; Electric – начинот на возење гарантира нула емисии на CO2 и возење со невидена тивкост.

НОВО QUADRA-LIFT™ ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ

Воздушното потпирање Quadra-Lift™, ексклузивно за својата категорија, има полуактивно електронско амортизирање. Возачот може да избира помеѓу 5 различни позиции: влез/излез за да ги направи влезот и излезот поудобни, аеро за поефикасна аеродинамика, нормално за секојдневно возење и две различни поставки надминување на пречките на нерамен терен или достигнување до 61 cm минување низ вода.

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СТАБИЛИЗАТОРСКА ЛЕТВА

Уживај во авантурата што може да ја понуди само вистински Jeep®. Новиот Grand Cherokee е единствениот SUV во својата класа со стабилизаторска летва која се откачува со што обезбедува поголема погонска сила на карпест и нерамен терен. Овој систем им овозможува на двата пневматика да се потпираат цврсто на тлото, дури и ако се на различни висини.

ДОВЕРЛИВОСТ НА КАКОВ И ДА Е ТЕРЕН

Новиот Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid нуди одлични перформанси и на пат и надвор од него. Може да сметаш на редуцираните брзини, активирани со копчето 4WD и на системот за контрола на спуштање по надолнина, кој овозможува да се задржи максимумот и по неповолни терени. Откриј нов вид забава и ново уживање во возењето.

Jeep® Grand Cherokee 4xe Plug-In Hybrid: емисиите на CO2 (под полно оптоварување и во комбиниран циклус) изнесуваат (g/km): 68-60. Потрошувачката на гориво (под полно оптоварување и во комбиниран циклус) изнесува (l/100 km): 2.9-2.6; Потрошувачката на електрична енергија (ECAC под полно оптоварување и во комбиниран циклус) изнесува (kWh/100 km): 30.3-32.7.
Вредностите за одобрување на типот утврдени врз основа на циклус под полно оптоварување на WLTP, се ажурирани на 17 мај 2022 година. Наведените вредности се за споредбени цели.