Continue

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

Биди постојано поврзан

Сигурност и забава за ново искуство во возењето. Симни ја веднаш апликацијата My Uconnect™ на App Store и Google Play.

Uconnect™ Nav со екран од 8,4" co радио DAB

Системот Uconnect™ со екран од 8,4″ е опремен со систем за навигација којшто вклучува слики во 3D на местата на интерес, мапи на градови и дигитализирани терени. Екранот на допир нуди управување multi-touch co можност за проширување на сликата преку допир или лизгање по екранот. Ваквиот систем располага со подобра графика и функција за вклучување на дестинациајта преку гласовни команди.

Rear-Park View Camera

Погледни што се случува одзади, додека ти е погледот свртен нанапред. Co задната камера Parkview® твојата контрола е на 360 степени.

ANDROID AUTO

Android Auto™ овозможува лесен и сигурен пристап преку гласовни команди до Google Maps и до Google Play Music преку екранот на допир од системот Uconnect™ или преку командите на воланот. Благодарение на оваа едноставна функција за навигација и гласовно препознавање, возачот ќе може да дојде до избраната дестинација, останувајќи притоа сконцентриран на патот.

Android Auto, Google Play и останатите марки се регистрирани од Google Inc.

APPLE CARPLAY

Користи го својот смартфон и за внатрешноста на твојот Jeep® Compass. Откриј нов начин да останеш поврзан со твојот смартфон благодарение на функцијата која е на располагање на системот Uconnect™ со екран од 8,4″ и од 7″. Apple CarPlay им овозможува на корисниците на iPhone да пристапат до Apple Maps, пораки, телефон и Apple Music преку гласовните команди на Siri.

Apple CarPlay displayed.

7” TFT

Инструмент таблата со лед и екран во боја од 7” му овозможува на возачот да конфигурира, организира и персонализира информации во внатрешноста на инструмент таблата. Добивај брзо важни информации преку графики, текст и икони кои се лесни за разбирање. Треба да ја смениш шемата на приказ на екранот? Внимавај на патот и користи ги копчињата на воланот, за да патуваш безбедно и сигурно.

ПРОЕКТИРАН ЗА ДА ТЕ ЗАШТИТИ

Новиот Jeep® Compass ја носи напред долгата традиција на марката Jeep®, составена од отпорни возила. На овој компактен SUV на располагање се преку 70 функции за сигурност и заштита, прилагодени на технолошкото ниво од последната генерација. Jeep® Compass ве заштитува вас и вашите најмили благодарение на ултраотпорниот алуминиум и на останатите напредни материјали. За дополнителна заштита се користи еден од најсофистицираните системи на воздушни перничиња.

СИГУРНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ

Jeep® Compass е синоним за сигурност и стабилност. За ова осмисливме широка гама на функции кои се на располагање како во серија, така и по барање, со цел да се подобри заштитата во автомобилот. Новите опции за сигурност те заштитуваат при секое патување и ти овозможуваат да се соочиш со какви и да се услови на патот со перформанси кои ги регулира автомобилот. Поголема сигурност, поголема контрола.

Предупредување за излегување од коловозна лента плус

Овој дел од сигурносната опрема, во серија на Jeep® Compass, ја открива позицијата на автомобилот во внатрешноста на коловозната лента. Во случај да се забележи несакано излегување од лентата, ќе го предупреди возачот и ќе ја поправи позицијата на возилото така што ќе го врати на коловозната лента.

Предупредувањето за можен фронтален судир

Forward Collision Warning Plus – предупредувањето за можен фронтален судир му доставува на возачот визуелни и звучни предупредувања кога се приближува премногу брзо до некое возило или пак друга пречка кои би се нашле на патот на возилот за да може истите да се избегнат или барем да се ограничи потенцијалниот судир.

BLIND SPOT MONITORING

Системот Blind Spot Monitoring – прегледност во „слепите“ агли, го предупредува возачот за друго возило кое се наоѓа во пределот на „слепиот“ агол преку сијаличка и звучен сигнал. На овој начин, сите корисници на патот по кој се движи возилото ќе ја исползуваат максималната сигурност.

ПАРКИРАЈ НА НАЈЛЕСЕН МОЖЕН НАЧИН

Паркинзите, особено потесните, често претставуваат извор на оштетувања на каросеријата. Новиот Jeep® Compass е опремен по барање, со неколку од најнапредните и најпрецизни системи на пазарот кои се во состојба да му помогнат на возачот да влезе и да излезе од паркингот, потполно спокоен.

PARKVIEW

Сликата од задната камера Park ViewTM при движење наназад се појавува на екранот од навигаторот кога менувачот се става во брзина наназад. Оваа камера зафаќа широк агол на просторот зад возилото и поседува динамичка мрежа која му помага на возачот додека се движи наназад или во тесен простор.

PARK SENSE

И најкомплицираните паркинзи повеќе нема да бидат проблем, благодарение на овој интелигентен систем кој го поседува Jeep® Compass. Четири сензори вградени во задната лајсна емитуваат ултрасонични бранови при движењето наназад. Возачот прима акустично предупредување доколку премногу се доближува до предметот/пречката на неговото движење.

REAR CROSS PATH D.

Овој систем го предупредува возачот, за време на движењето наназад на паркинг, така што му испраќа известување преку светнување на соодветната сијаличка или преку звучен сигнал доколку има други возила кои поминуваат на негоивата траекторија. Овој опционал се активира кога менувачот е поставен во брзина наназад.

СИГУРНОСТА Е ВО ТВОИТЕ РАЦЕ

Откриј колку може да биде удобна сигурноста кога функциите на опционалите и на стандардната опрема можат да ти гарантираат сигурност, правејќи го твоето патување уште поудобно.

HIGH-STRENGTH PROTECTION

Челичната структура на телото е со висока отпорност и помага да се доведе до максимум заштитата од удари, а истовремено ја подобрува динамиката и ја намалува тежината на самото возило. Новиот Jeep® Compass располага со странични воздушни перничиња и воздушни завеси кои, заедно со предните воздушни перничиња за возач и совозач, помагаат да се заштити секој патник во возилото.

KEYLESS Enter-n-go

Системот го открива присуството на еден од електронските клучеви кој е во близина на вратата и овозможува отворање/затворање на вратите и на задната врата од багажникот без да треба да се притисне некое друго копче.

Автоматски фарови

Фаровите можат да бидат поставени така да се вклучат или исклучат автоматски во зависност од светлината. Ваквата поставеност ја подобрува прегледноста на возачот и го зголемува степенот на сигурност во услови на слаба осветленост на патот.

ADAPTIVE CRUISE CONTROL

Системот овозможува да се одржи оддалеченоста на возилото од тоа пред твоето, и во одредени ситуации, да сопре без интервенција на возачот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас