Continue

За Марката

За Марката

НАСЛЕДСТВО ОД ХЕРОИТЕ 

Марката икона Jeep® е глобално препознатлива и секогаш се поврзува со слободата, авантурата и 4x4 капацитетот. Секое возило Jeep раскажува единствена приказна, со богато наследство кое е поврзано со оригиналниот Willys MA.

Нашата приказна е и ваша приказна. Сопствениците на Jeep одамна знаат дека “Go Anywhere, Do Anything® “ е животен стил — а не само промотивен слоган. Истражете ја нашата гама на возила, а потоа креирајте ја сопствената приказна за Jeep 4x4.

1940- тите

Роден во срцето на војната, “Go-Anywhere, Do-Anything” Jeep® 4x4 беше херој за илијадници војници од Алијансата низ целиот свет. Подеднакво херојски беа и цивилните Jeep возила од 40-тите кои ја етаблираа марката Jeep како неспорен лидер во 4X4 технологијата.

1950- тите

Во 50-тите години се зголеми интересот за возила за слободно време, а беше и важна супериорната технологија на производство. Бројни ентузијасти го потпомогнаа  лансирањето на Jeep® Jamborees и обезбедија нови продажни рекорди благодарение на седум единствени модели.

1960- тите

Новиот Jeep® Wagoneer стана синоним за префинетост и иновации. Престижот и индивидуалноста беа главни адути во тоа време. Гамата Jeep порасна на 14 модели – за работа, забава, рекреација и луксузен транспорт.

1970-тите

Лидерството на марката Jeep® во делот 4x4 продолжи и во  70-те со воведот на првиот пермамнентен  4x4 system. Спортскиот модел со две врати  Cherokee (SJ) ја освојува наградата за 4x4 Автомобил на годината. Шест модели ја зголемуваат продажбата до највиско ниво дотогаш.

1980-тите

На пазарот е претставен новиот Jeep® Cherokee (XJ) кој го револуционализира пазарот на  4x4. Моќниот XJ по многу работи беше прв вклучувајки и : прв копактен SUV со 4 врати, прва UniFrame конструкција, прв перманентен 4x4 system со shift-on-the-fly способности.

1990-тите

Во  1993 новиот Jeep® Grand Cherokee (ZJ) постави нови стандарди во индустријата благодарение на единствениот баланс на on- и off-road способности. Супериорниот Wrangler (TJ) со новата спирална суспензија беше лансиран во 1997.  Во 1999 беше лансиран новиот Grand Cherokee (WJ) најдобриот SUV било кога. Во текот на декадата продажбата достигна 629000 возила.

2000-тите

Во 2003 радикалниот Jeep® Wrangler Rubicon стана најспособното возило било кога произведено од марката Jeep. Новиот Wrangler со 4-врати предизвика вистинска бура на пазарот. Compass и Patriot беа првите Jeep возила во сегментот на мали cross-utility возила.

Ви треба информација? Разговарајте со нас