Continue

Новиот Jeep® Cherokee дебитира на Саемот во Детроит

06 February 2018

На Саемот на автомобили во Детроит беше претставен новиот Jeep® Cherokee. Еволуција на SUV која ја испишува историјата во категоријата каде сега се претставува со нов  дизајн, премиум и верен на ДНК Jeep е со нов мотор 2,0 литри, 4 цилиндри во линија со директно вбризгување кое обезбедува високи перформанси и истовремено ефикасност во потрошувачките

Новиот  Jeep Cherokee нуди поголем комфор во внатрешноста и ја спојува практичноста на автомобил во секојдневната употреба и извонредните возни карактеристики и управливост, предна и задна независна суспензија со висока торзиона крутост на каросеријататри различни мотори на кои се прилагодени новиот менувач со девет брзини и преку 80 сигурносни системи

Дополнителни информации, навраќања и слики за новиот Jeep Cherokee претставен  на North American International Auto Show во Детроит може да се најдат на страната за печат на FCA за  North America. Новиот Jeep Cherokee ќе пристигне во Европа во втората половина на 2018. 

Нов дизајн, премиум и верен на ДНК Jeep

Новиот Jeep Cherokee се претставува со комплетно подновен надворешен дизајн благодарение на комплетниот рестајлинг и бројните компоненти меѓу кои предната лента, хаубата, LED фаровите, дневните и светлата за магла. И ентериерот е подновен со обработки во Satin Chrome и Piano Black, гарантирајќи практичност и комфор. 

Авангардна технологија благодарение на четвртата генерација на системот Uconnect

Новиот Jeep Cherokee е опремен со системот Uconnect од последната генерација, со широка гама на функционалност во однос на комуникацијата, забавата  и навигацијата, вклучувајќи и технологии какошто се Apple CarPlay и Android Auto и екрани од 7,0″ и  8,4″ опремени со функцијата “Pinch & Zoom”. 

Врвни можности на Capacità Jeep Trail Rated

Новиот Jeep Cherokee  е опремен со иновативниот систем на интегрален погон Jeep Active Drive. Jeep Cherokee се потврдува уште еднаш како SUV на врвот во категоријата благодарение на уредот за исклучување на задната оосовина која овозможува намалување на губитокот на моќност кога не е неопходно да се користи начинот 4×4, обезбедувајќи истовремено поголема ефикасност во потрошувачките.

Ви треба информација? Разговарајте со нас