Continue

JEEP® & HARLEY-DAVIDSON

08 May 2017

Jeep® е партнер со марката Harley-Davidson® и спонзор на главните настани и рели трки на легендарниот американски производител на моторцикли кои се одвиваа во 2016 во регионот EMEA. Партнерството се базира на заедничките вредности за страст, слобода и автентичност, како и желбата да се ужива во таквиот животниот стил, а тоа им овозможува на клиентите да се чувствуваат како дел од една заедница.

Марката Jeep го надоградува успехот од минатите три години и ќе има поголемо присуство на три главни Европски настани на Harley-Davidson во 2017, започнувајќи со Euro Festival во Сент-Тропе, Франција (11-14 Мај), по што следи European H.O.G Рели во Лугано, Швајцарија (Јуни 29-2 Јули), со кулминација на European Bike WeekTM во Faaker See, Австрија (5-10 Септември).

На овие настани, меѓу многуте активности, Jeep® ќе понуди на Harley-Davidson® ентузиастите одблиску да се запознаат со Jeep® Cherokee и шанса за тест возење на Jeep® возилата со ексклузивно Jeep® искуство во Jeep® Тест зоната.

Дознајте повеќе:

http://www.jeep-people.com/experiences/freedomlovers/jeep-h-2017/

Ви треба информација? Разговарајте со нас