Jeep® Compass на сцената со Ролинг стоунс – Jeep Makedonija

Вести

Jeep® Compass на сцената со Ролинг стоунс

06 September 2017

Марката Jeep® по втор пат се враќа на сцената со Ролинг Стоунс, еден од најдолговечните и најпознати рок бендови во светот, кој направи револуција во историјата на рок музиката, кој со децении го наметнува својот единствен стил и е надвор од сите можни рамки. Исто како и марката на глобалниот СУВ која веќе 76 години е најавтентичниот израз на слобода и авантура во автомобилскиот свет.
Две вистински легенди, кои ги одбележаа полињата на сопственото дејствување и кои денес се наоѓаат за заеднички да ја доживеат сета енергија на турнејата 2017 “Rolling Stones – No filter”. Со 14 концерти, почнувајќи од 9 септември па сè до 25 октомври, манифестацијата ќе допре некои од најпривлечните европски градови и на тој начин ќе ја обнови ексклузивната соработка започната во 2014 кога брендот Jeep го придружуваше бендот на турнејата “14 On Fire”.
Гостинска ѕвезда на турнејата „Ролинг Соунс – без филтер“ ќе биде новиот Компас, последното издание на куќата Џип, кој ги обединува легендарните својства на теренско возило кои ги поседува со интуитивните технологии за поврзување и безбедност, сето тоа “сместено” во посебен и модерен дизајн. За да го запознаат милионите обожаватели на Ролинг Стоунс, брендот предложи за време на концертите да се изведат разновидни иницијативи, на простор наменет токму на новото возило, сето тоа осмислено според концептот на “recalculating” кој стана познат по пропратниот спот за лансирање на новиот Џип Компас.

НАЈНОВО ОД JEEP