Марката Jeep® и Светската сурферска лига – го продолжија и проширија глобалното партнерство со повеќегодишен договор – Jeep Makedonija

Вести

Марката Jeep® и Светската сурферска лига – го продолжија и проширија глобалното партнерство со повеќегодишен договор

25 September 2017

  • Марката Jeep® продолжува како официјален и ексклузивен глобален автомобилски партнер на Светската сурферска лига  и ги задржува правата за  именување во рамките на машките и женски првенства.
  • Првенството во сурфање World Surf League Championship Tour (CT) пристигнува во Европа со натпревари во Португалија (Cascais Women’s Pro Portugal – 27. Септември 5. Октомври и MEO Rip Curl Pro Portugal – Peniche, 20-31. Октомври) и Франција (Quiksilver и Roxy Pro во Landes, 7-18 Октомври).
  • Посебно брендирано место за добредојде и тест возења на лице место се достапни во  ‘Jeep Lounge’ во спонзорското село

Марката Jeep® и  World Surf League (WSL) го обзнани обновувањето и проширувањето на долгогодишното глобално партнерство. Со продолженото партнерство, марката Jeep продолжува како официјален и ексклузивен глобален партнер на WSL и партнер за правата за именување на во рамки на машките и женските првенства.

Партнерството, кое за прв пат беше објавено во Мај.2018 кога марката Jeep стана прв ексклузивен автомобилски партнер на WSL, е обновено како дел од повеќегодишен договор, кој ја вклучува и 2020, година во која сурфањето ќе дебитира како спорт на светската сцена на Олимписките игри во Токио.

Jeep го олицетворува духот на сурфањето и сурферскиот стил на живеење и партерството со WSL ѝ дозволува на марката да остане длабоко поврзана во културата која ги споделува нејзините вредности за слобода, авантура, автентичност и со своите љубители и следбеници преку web апликации и објави во живо од настаните на првенствата во сурфање низ целиот свет во наредните неколку години.

Сурферите од Светската сурферска лига пристигнуваат на Европскиот брег кон крајот на месецот, по шест рунди интензивни натпревари на плажите во Австралија, Бразил, Фиџи, Јужна Африка, Тахити и Соединетите Држави.

Првиот Европски настан –  Cascais Women’s Pro Portugal – ќе се одржи од 27. Септември до 05. Октомври. По ова ќе следи Quiksilver и Roxy Pro во Landes, Nouvelle-Aquitaine во Франција, помеѓу 07.-18. Октомври и MEO Rip Curl Pro Portugal во Peniche од 20-31 Октомври.

На секоја локација марката Jeep ќе понуди посебно брендирано место за топло добредојде и тест возења преку ‘Jeep Lounge’ во спонзорските села. На тој начин ќе им се овозможи на посетителите доживување на најдоброто од марката Jeep, со Jeep Compass – како ѕвезда на настанот – легендарниот Jeep Wrangler и малиот SUV Jeep Renegade достапни за тест возења на специјално дизајнираните off-road курсеви.

Во селата, посетителите исто така ќе најдат и низа оригинални атракции, вклучувајќи изработувачи на тетоважо и фото штанд каде ќе можат да снимаат сопствен анимиран Jeep gif. Jeep возилата исто така ќе бидат користени за првоз на VIP гости и натпреварувачи.

 

Торино, 15. Септември 2017

НАЈНОВО ОД JEEP