Во Лос Анџелес е претставен новиот Jeep® Wrangler 2018 – Jeep Makedonija

Вести

Во Лос Анџелес е претставен новиот Jeep® Wrangler 2018

14 December 2017

Марката Jeep® на саемот во Лос Анџелес го претставува новиот Jeep Wrangler 2018. Иконата на марката е потполно обновена, а сепак останува верна на себеси и ги задржува легендарните off-road способности, во автентичниот стил на Wrangler и технолошката опрема со напредни решенија.

Подобрени легендарните способности 4×4 за да оди насекаде

Новиот Jeep Wrangler 2018 ги гарантира легендарните способности off-road благодарение на софистицираната техника која опфаќа, во зависност од нивоата на опременост, два напредни погонски системи, електрични блокирања на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал на ограничено пропуштање Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување.

Модерен и автентичен дизајн Wrangler

Надворешниот дизајн на новиот Jeep Wrangler се разликува по подновената предна маска, иконските заоблени фарови, задните квадратни фарови и подобрената аеродинамичност, големо предно стакло со благ наклон и уште поголема слобода на прегледност. Внатрешноста на нвиот Wrangler нуди уште поголема можност за различни намени, со автентичен стил, висок конструктивен квалитет и материјали со висок квалитет.

Нови технолошки содржини

Новиот Jeep Wrangler поседува концентрирана напредна технологија и нуди нови три системи Uconnect co инструмент табла во боја и LED , екран на допир со висока дефиниција и функции Apple CarPlay и Android Auto за телефонот со гласовни команди и навигација. И безбедноста е еден од централните елементи на новата генерација Wrangler, кој нуди повеќе од 75 системи за активна и пасивна безбедност.

НАЈНОВО ОД JEEP