Continue

Wrangler

Wrangler

ИКОНА ПРЕПОЗНАТЛИВА НАСЕКАДЕ НИЗ СВЕТОТ

СИГУРНОСТ ПРИ СЕКОЈА АВАНТУРА

Jeep® Wrangler помага за ваша заштита и заштита на вашите сакани благодарение на најдобрите во класата сигурносни и безбедносни карактеристики, кои вклучуваат стандардни напредни повеќестепени предни воздушни перничиња кои обезбедуваат заштита на патниците со комбинирање на активирањето на воздушните перничиња во зависност од тежината, достапни странични додатни воздушни перничиња со сензор за детектирање како и конструција на возилото со шасија.

Систем за електронска контрола на стабилност (ESC) е напреден систем дизајниран да му помогне на возачот во одржување на контрола врз возилото во секое време. Помага да забележите кога сте под или над вистинскиот степенот на менувачот применувајќи индивидуални кочници и контрола на гасот за да ве врати на вистинскиот пат. Електронскиот систем за заштита од превртување (ERM) открива кога може да настане превртување и применувајќи сила на кочење помага да се намали можноста за таква незгода. Понатаму, Jeep® Wrangler нуди контрола на тракција кај сите брзини со специјално калибрирање за возење во 4LO режим, Систем за контрола при кочење и дискови на четирите тркала со систем за антиблок на кочниците (ABS) за подобрување на контролата врз возилото и намалување на дистанцата за застанување на суви и лизгави подлоги.

АВТОМАТСКА КОНТРОЛА НА ТЕМПЕРАТУРА

Достаниот систем за автоматска контрола на температурата (ATC) ги нагодува циклусите за греење и ладење за да обезбеди оптимален комфорт.

ТРКАЛА И ПНЕВМАТИЦИ

Опциите за тркала кај Jeep® Wrangler се основа за секоја авантура вредна да се доживее. Повеќето тркала се карактеризираат со конкавен дизајн за да се спречат гребнатини кои може да се појават  кога се практикува off-road возење. Тркалата од лесна легура ја намалуваат  тежината за попрецизно насочување и подобрени карактиристики на управување.
• 16″ тркала стандард кај Sport
• 18″ тркала опционо кај Sport
• 18″ тркала од лесна легура стандард кај Sahara
• 18″ тркала од лесна легура стандард кај Rubicon

SENTRY KEY® ИМОБИЛИЗЕР НА МОТОР

Далечинскиот систем без клуч за влегување ви овозможува да ги заклучите или отклучите вратите. Sentry Key® системот против кражба го имобилизира моторот и прави да биде речиси невозможно за било кој без вистински клуч да го вози вашето возило.

Со Uconnect™ системот можете да ги управувате сите медиуми. Гласовните команди овозможуваат возењето на вашиот Jeep® Wrangler да биде многу полесно, користете го вашиот глас за да изберете радио станици или да телефонирате, без да ги тргнете очите од патот. Uconnect™ навигацијата овозможува подобрена GPS навигација и внес на дестинација преку гласовна команда. Можете да зборувате на вашиот телефон додека возите благодарение на интерниот гласовно-активиран комуникациски ситем. Конечно, можете да ја слушате вашата омилена музика преку CD/DVD, MP3, далечински USB влез, дополнителен влез за слушалки, а имате и простор за складирање CD-а, гласовни команди и Bluetooth® аудио пренос.

ЦВРСТИНАТА И МОЌТА СЕ ВО НАШИТЕ ГЕНИ

Перформансите при странични удари и цврстината на возило се подобрени благодарение на челикот со висока цврстина кој е вграден во столбот B од подот на возилото. Широко распоредени шини на рамката исто така така го прицврстува средишно монтираниот резервоар за гориво помеѓу тркалата за дополнителна заштита, додека резервоарот за гориво е опремен со 2.5-mm заштита наменета за побезбедно и посигурно Off-возење.