Continue

JEEP® WRANGLER

Ненадминливи off-road перформанси

JEEP® WRANGLER

Ненадминливи off-road перформанси

ВОЗЕЊЕ НА ИДНИНАТА

Влезете во досега технолошко најнапредниот Wrangler. Новиот Jeep® Wrangler е комплетно опремен со најновите системи за информирање и забава. Откријте ја четвртата генерација на системите Uconnect за Apple и Android паметни телефони, 7.0 или 8.4″ екран чувствителен на допир со можност за зумирање со  допир и многу  други технолошки компоненти за да уживате до максимум во секоја авантура.

СИСТЕМИ UCONNECT™

Нашите најнапредни системи Uconnect™ ви овозможуваат да останете во контрола и поврзани со останатиот свет.

СИСТЕМИ UCONNECT™

Нашата четврта генерација системи Uconnect™ вклучува DAB+ Radio, поврзување со паметни телефони, Drag’n’Drop и pinch-to-zoom функционалности, подобрување на перформансите, подобро време за стартување, нагласена моќ на процесирање, подобрена респонсивност на екранот чувствителен на допир и живописна јасност со подобрена резолуција и осветлување.

APPLE CARPLAY® ПОДДРШКА

Apple CarPlay® поддршката беспрекорно го интегрира вашиот iPhone® со вграден дисплеј и контроли во возилото. Користете го UconnectTM екранот чувствителен на допир или вашиот глас преку Siri® за да телефонирате, пристапувате до музика, испраќате и примате пораки, добивате насоки прилагодени на условите во сообраќајот и повеќе,додека останувате фокусирани на патот.

ANDROID AUTO™

Android Auto™ ја користи моќта на Android™ мобилниот оперативен систем и ја интегрира со наградуваниот систем Uconnect™. Едноставна навигација со екран на допир и гласовно препознавање ќе ви помогне да пристигнете онаму каде треба да бидете, додека бескрајна музика се емитува со Google Play Music. Нека Google Maps™ го водат патот и користете гласовни команди за да изведете различни задачи, додека останувате фокусирани на патот.

PARKVIEW® ЗАДНА КАМЕРА

Маневрирајте лесно кон паркинг местото со стандардната задна камера ParkView® . Системот прикажува видео слика на задниот дел со динамични гранични линии кога ќе смените во степен наназад. Со известување на екранот или звучен сигнал, ParkView ќе го привлече вашето внимание кон скриените објекти назад.

СИТЕ ИНФОРМАЦИИ НА ЕДНО МЕСТО

Sahara и Rubicon имаат во стандардната конфигурација 7″ Multiview Information Digital Cluster дисплеј кој овозможува да ги скроите вашите лични нагодувања и графики. Колорниот екран интегрира детална навигација, содржи медиа информации како име на песна, изведувач и станица и ги прикажува статусот на пренос на податоци во реално време. Групата исто така има и Off-Road страници, кои му обезбедуваат на возачот бројни  корисни информации и мерења кои се однесуваат на возењето off-road, како што се информации за теренот, тркалање, надморска височина, GPS координати, дистрибуција на моќност на погонските мотори и многу повеќе.

ПРОБИЈТЕ ЈА ЗВУЧНАТА БАРИЕРА

Премиум аудио систем Alpine® доаѓа како стандард за Sahara и Rubicon  со 552-watt 12-канален засилувач, осум звучници и заден субвуфер. Системот е подобрен со активно поништување на шум и акустично ламинирано стакло за шофершајбна.

НАЈСИГУРНИОТ ПАТ КОН АВАНТУРАТА

Новиот Jeep® Wrangler е комплетно опремен со стандардни и достапни функции за  активна и пасивна сигурност и безбедност дизајнирани за да ви помогнат да уживате во возењето на било кој терен и при било кои услови, со целосна доверба.

ДОСТАПНИ ПРЕКУ 65 ФУНКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ

Jeep® Wrangler ви помага да се заштитите себеси и вашите сопатници со опремата за активна и пасивна безбедност вклучувајќи Надгледување на мртов агол, Откривање при попречување на патот назад, Задна камера Parkview со динамични гранични линии, Предни и задни паркинг сензори, Контрола на електронска стабилност, Систем за деблокирање на сопирачките (ABS), Brake Assist, четири стандардни перничиња, конструкција на рамка за каросерија и многу повеќе.

Асистенција при маневрирање

Контрола на електронска стабилност е напреден систем дизајниран да му помогне на возачот да ја оддржи контролата на возилото во секое време. Насетува кога ќе почнете да управувате со возилото со тешкотија со додавање контрола на кочниците и гасот колку што е потребно за да ве врати на вистинскиот пат. Electronic Roll Mitigation определува кога би можело да се случи превртување и додава сила на кочење за да помогне да се намали можноста за несреќа.

Сила на кочење

Jeep® Wrangler нуди All-Speed Traction Control со специјални нагодувања за возење во режим 4LO,  Brake Assist System и Систем за деблокирање на дисковите за кочење на сите четири тркала (ABS) за подобрување на контролата на возилото и намалување на оддалеченоста за сопирање на суви и лизгави подлоги.

Контрола за управување со приколка

Како дел од Електронската контрола за стабилност, Контролата за управување со приколка помага да ве задржи (и што и да влечете) на курсот и под контрола.

БЕЗБЕДНО И СИГУРНО ПАРКИРАЊЕ

Откријте како паркирањето е полесно кај Wrangler со достапните функции за паркирање за да може запирањето и возењето наназад да биде што е можно полесно.

ЗАДНА КАМЕРА PARKVIEW®

Без разлика дали возите наназад во камп, при оставање на чамец или кон место за паркирање,  задната камера ParkView® со динамични гранични линии во комбинација со екран чувствителен на допир Uconnect® ќе ви го олесни паркирањето.

ЗАДЕН ПАРКИНГ СЕНЗОР

Откривањето на попречување на патот назад помага да излезете од наназад од просторот за паркирање кога возила ви го попречуваат погледот. Кога ќе промените во степен наназад, сензори го скенираат вашиот пат во случај возила /или предмети да го попречуваат патот и системот алармира со осветлена икона на надворешниот ретровизор.
Овие сензори лоцирани во задниот браник откриваат пречки зад вас. Ќе сигнализираат со аларм кога ќе се доближите до потенцијална опасност кога се паркирате паралелн или наназад на паркинг место.

НАДГЛЕДУВАЊЕ НА МРТОВ АГОЛ

Со континуирано надгледување на просторот помеѓу вашето возило и другите, Системот за надгледување на мртов агол ви помага да ја оддржите правилната безбедна оддалеченост. Кога ќе се исполни страничниот или мртов агол, ќе бидете известени преку осветлени икони на страничните ретровизори или со звучен сигнал.

СИЛА И МОЌ

Страничната издржливост и цврстината на возилото е подобрена благодарение на челикот со голема цврстина кој е интегриран во столбот B во подот на возилото. Широко поставените шини на рамката исто така го држат средишно вградениот резервоар за гориво помеѓу тркалата за дополнителна заштита, додека резервоарот за гориво има 2.5-mm заштитна плоча дизајнирана за побезбедно и посигурно off-road возење.

 

ИСТРАЖУВАЈТЕ СО ВИСТИНСКА БРЗИНА

Активниот ограничувач на брзина и Cruise Control работат синхронизирано за да помогнат да останете во рамки на ограничувањата за брзина.

 

ПАСИВЕН ВЛЕЗ / СТАРТ БЕЗ КЛУЧ

Системот може да идентификува присуство на електронски клуч близу до вратата и задниот дел, овозможувајќи отклучување / заклучување на вратите и багажникот без да треба да се притисне копчето на електронскиот клуч.

 

 

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас