Continue

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

Во знакот на погонот

Традицијата Jeep® се надополнува со новата генерација на мотори кои се во можност да понудат воодушевувачки и ефикасни перформанси како и намалени емисии и потрошувачки.
Новите мотори на Jeep® Compass располагаат со неопходната моќност за да се достигне саканата цел во какви и да се услови на возење, благодарение на нивната лесна структура која е комплетно изработена од алуминиум со турбо и директно вбризгување. Новиот Jeep® Compass ги намалува емисиите на CO2 како и на штетните NOX честички, благодарение на филтерот за честички за горивото.

АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ DDCT СО 6 БРЗИНИ

Jeep® Compass е опремен со новиот автоматски менувач DDCT со 6 брзини кој го издигнува доживувањето на удобно возење како и перформансите додавајќи едноставност на користење и комфор и гарантирајќи пофлуидно менување на брзината. Менувачот нуди различни комбинации на менување кои може да се одберат во зависност од стилот на возење. Новиот систем на трансмисија гарантира поголема реактивност и побрзо забрзување. Возењето станува пофлуидно како при возење низ град, така и надвор од град.

Гама исполнета со моќ

Новиот Jeep® Compass е на располагање со три различни мотори и тоа: еден дизел и два бензински . Сите мотори се со преден погон и се во состојба да понуди перформанси на висина во секакви услови, како во градските метежи, така и на отворен пат. Моторот 1.3 турбо со 4 цилиндри бензин со 150 КC е со автоматски менувач и двојна спојка, додека пак дизел верзијата со 130 КС и онаа со 1.6 MULTIJET II Diesel со 120 КC се на располагање со рачен менувач со шест брзини. Откриј го начинот како да се патува тивко и удобно со сигурност дека моторот ги почитува автентичните канони на Jeep®.

1.3 TURBO T4 БЕНЗИНЕЦ FWD 130КC рачен / 150КC со автоматски менувач DDCT

Новиот мотор е со 4 цилиндри Турбо бензин со директно вбризгување. Се разликува по перформансите кои уште повеќе се реактивни (се` до 270 Nm максимален вртежен момент) и ефикасни со полно почитување на стандардите пропишани со euro 6D-final, овозможувајќи намалување на потрошувачките, но задржување на типичните перформанси на Compass. Кога е со автоматски пренос и двојна спојка со шест степен менувач, моторот може да генерира до 150 КС. Ако е, пак, со рачен менувач со 6 брзини генерираната силина е од 130 КС.

1.6 MULTIJET II DIESEL FWD 120КС со рачен менувач

Ефикасниот дизел мотор 1.6 MultiJet II Diesel Euro 6D-Temp нуди исклучителни перформанси на каков и да е терен. На располагање е со рачен менувач со 6 брзини и е во состојба да испорача до 120 КС кои ги почитуваат нормите предвидени со euro 6D.

Ви треба информација? Разговарајте со нас