Continue

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

Сите патишта водат кон една дестинација: твојата!

 

Смели линии комбинирани со легендарните одлики на Jeep®. Софистицираниот стил на новиот Jeep® Compass се наметнува со аеродинамичниот дизајн, давајќи ти совршен изглед во секоја ситуација.

Детали кои привлекуваат внимание

Совршеното тркало е финалниот потег кој го дефинира твојот ексклузивен изглед. Од 16″ до 19″, новиот Jeep® Compass ти овозможува да избереш различни конфигурации на тркала кои совршено се прилагодуваат на поткрилото и моќниот изглед.

Осветли го твојот пат

Избери би-ксенонски фарови со ЛЕД лента за исклучително добро осветлување, подобрена видливост и уште поприметливо присуство на пат. Задните ЛЕД светла го прават твоето возило приметливо при секакви временски услови и ти овозможуваат максимална сигурност при секое твое патување.

Израз на стил

Смел, изразит и треперлив: дизајнот на надворешноста на новиот Jeep® Compass официјално отвора ново иновативно поглавје во историјата на марката. Почнувајќи од револуцијата на легендарната предна маска со седум отвори, редизајнирана за да го истакне иновативниот карактер на ова компактно SUV возило, богато со карактерност.

Сѐ околу стилот

Хромираните рамки кои целосно ги покрива задното стакло и страничните прозорци му даваат на Jeep® Compass ексклузивен и софистициран изглед кој совршено се вклопува во неговата агресивна и добро препознатлива линија. Кровот обоен во црна Gloss Black боја го надополнува единствениот и елегантен изглед и го прави Jeep® Compass веднаш воочлив, како во град, така и надвор од него.

ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕ

Ви треба информација? Разговарајте со нас