Continue

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

JEEP® COMPASS

Co нови турбо бензински мотори со автоматски менувач.
Jeep® Compass се подновува со турбо бензински мотори со автоматски менувач со двојна спојка од најнова генерација, кои овозможуваат намалување на потрошувачките и на емисиите на издувни гасови.

SPORT

Кај комплетно новиот Jeep® Compass, традицијата се среќава со иновативноста, обновувајќи ги култните карактеристики што ја прават марката Jeep® толку легендарна. Се следи елегантниот и аеродинамичен профил, фокусирајќи се на секој детаљ, од хромираните елементи до решетката со седум ребра, а убавината комплетно доаѓа до израз со дизајнот на хипнотизирачкиот LED потписот на предните светла.

LONGITUDE

Уште поголем комфор: новиот Jeep® Compass Longitude знае како да го привлече вниманието. Извајаните надворешни линии совршено се вклопуваат во црните шипки за товар поставени на кровот, со хромираните рамки на прозорците и со тркалата од 17″. Опременоста на внатрешноста го прави секое патување пријатно и спокојно, благодарение на системот UconnectTM со екран од 7“ co Apple CarPlay и Android Auto и на двозонскиот клима-уред.

LIMITED

Стилот, префинетоста и авантуризмот се главните одлики на новиот Jeep® Compass Limited, со кои се претставува новиот предлог за компактни СУВ возила. Поврзувањето преминува на едно ново ниво благодарение на системот UconnectTM со екран од 8,4″ со навигација кој што овозможува секое патување да се одвива во потполна безбедност. Обезбедува максимална приватност со затемнетите стакла, а истоврмено впечатливост со тркалата од 18″ . Тука се и останатите технолошки содржини како електричното лумбално регулирање на седиштето, keyless enter e keyless go (отклучување и стартување на моторот без клуч), задните лед светла, задната паркинг камера и греените надворешни ретровизори со собирање.

Привлечен од секоја гледна точка

Благодарение на смелиот профил и уште пософистицираниот изглед, новиот Jeep® Compass е создаден за да ги избегнува градските метежи. Предната маска со 7 отвори, неговиот атлетски став и неговите аеродинамични линии го прават веднаш препознатлив.Одбери помеѓу новите бои кои се на располагање во комбинација со црн кров и новиот дизајн на тркалата, кои сите заедно од него прават автомобил кој знае како да ти наметне смисла за авантура и стил.

Дознајте повеќе

Опкружи се со можности

Извајани форми, дизајнерски елементи типични за Jeep®, материјали со висок квалитет и авангардна технологија кои ја прават внатрешноста на новиот Jeep® Compass совршен амбиент за секое твое патување. Возило SUV проектирано за да ти пружи максимален комфор при возењето кое ќе ти пружи незаборавно доживување. Благодарение на грижливо изработените детали и на инструмент таблата која е опремена со екран во боја од 7″, ќе можеш да се сконцентрираш на возењето и да ги држиш рацете на воланот истоврмено управувајќи со аудио команди, гласовни и команди за брзината кои се интегрирани на самиот волан.

Дознајте повеќе

Безбедноста во служба на твоето спокојство

Комфорот и безбедноста се концепти кои одат рамо до рамо, и се во состојба да обезбедат спокојно патување без непредвидени ситуации. Новиот Jeep® Compass има преку 70 безбедносни уреди за возачот и за патниците. Тука се 6-те воздушни перничиња во сериска опрема, технолошки напредните системи за активна и пасивна безбедност кои придонесуваат да се гарантира тотална заштита и се во состојба да обезбедат превенција од можните проблеми во текот на возењето.

Дознајте повеќе

Ви треба информација? Разговарајте со нас