Комплетно новиот Cherokee е револуционерен модел – ги поместува границите и истражува претходно непознатите области. Неговиот надворешен дизајн е изработен за максимална аеродинамична ефикасност.
Jeep® Cherokee е изработен по светски стандарди со комплетно нова извајана и аеродинамична надворешност. Нови, поголеми задни светла со LED осветлување, голем заден спојлер за поголема аеродинамичност и заоблен заден дел за подинамичен изглед. Двојниот издув во светли бои го дополнува изгледот на светска класа. Cherokee има прилагодливост и флексибилност кој одговара на вашиот активен животен стил. Било да станува збор за деца или пак за кајаци на надувување, Cherokee е бескомпромисниот избор. 60 / 40 поделени седишта во вториот ред кои се повлекуваат напред или назад до 6 инчи за поголема удобност. Тие можат исто така и да се преклопуваат.
Cherokee е направен за движење, поместување граници и откривање на непознати територии. Уникатната комбинација на тркала и пневматици кај Cherokee е дизајнирана за да ви помогне да останете надвор од гужвата и да бидете оригинални.
Новиот Cherokee прави големо заслепување со неговата напредна технологија во осветлуваето. Дневните LED светла се поставени на назад за подобра динамичност. На долниот дел, халогенските предни светла ја осветлуваат ноќта со мала помош од светлата за магла, кога е тоа потребно.
Jeep® Cargo системот за управување со товар овозможува максимална искористеност на просторот во багажникот, нудејќи прилагодливост која одговара на вашиот активен животен стил. Mopar® додатоците вклучуваат корпа за товар, преносно фрижидерче, кутија за прва помош како и off – road сет кој е прикачен безбедно во багажникот.
Сакате да го контролирате животот. Приклучете се за повисока цел. Спремни да истражувате. Седнете на возачкото седиште и ќе разберете. Се разбира комотно е. Неочекувано наоколу ќе ве пречекаат рачно направени детали. Сепак за сите кои размислуваат за слобода, ова е домот. ВНАТРЕШНОСТ ОД СВЕТСКА КЛАСА. Сакате да го контролирате животот. Приклучете се за повисока цел.
CHEROKEE LIMITED |
CHEROKEE TRAILHAWK |
CHEROKEE LONGITUDE |
---|---|---|
Morocco – Nappa Црна Кожа | Morocco – Црн штоф/ Nappa кожа со црвена опшивка |
Morocco – Црн штоф |
Vesuvio – Jeep® Кафена/Indigo Сина Nappa Кожа |
Morocco – Црна Nappa кожа со црвена опшивка |
|
New Nepal – Jeep® light frost крем Nappa кожа |
Grand Canyon – Jeep® Кафена Nappa кожа со црвена опшивка |