Continue

Cherokee

Cherokee

СОЗДАДЕН ОД АВТЕНТИЧНА ДНК НА МАРКАТА JEEP®

ДИВИНАТА Е УБАВИНА

Сосема новиот Jeep® Cherokee ги поместува стандардите со својата супериорна поставеност на асфалтот, управување и економичност на горивото, најдобар во класата погон 4×4 и вградена ексклузивна технологија. Идеален за клиентите кои се во потрага форма и цврстина. Совршено димензиониран за да ја прикаже софистицираната, ефикасна умешност, новиот Jeep® Cherokee се надминува себеси со легендарна ДНК на марката Jeep®.

ОТКРИЈ ЈА ВНАТРЕШНОСТА ОД СВЕТСКА КЛАСА

Новиот Cherokee воведува уникатен, модерен стил во понудата на Jeep®. Погледни ги сите детали и ќе ја забележиш супериорната, добро-изработена внатрешнсот со примена на материјали нежни на допир : софистицирана комбинација на рачно-обликувани елегантни форми, материјали со висок квалитет, иновативен избор на бои и материјали, прецизно мајсторство, најсовремена технологија и перформанси. Свет на уникатно совршенство кој чека да биде откриен. Од тебе.

SPORT – LONGITUDE – TRAILHAWK – LIMITED – OVERLAND

Новиот Cherokee е дизајниран за иднината со модерна и агресивна надворешност која го уважува неговото легендарно наследство: неговиот сосема нов облик изгледа неверојатно дури и за најпребирливото око. Има моќен став, агресивна пропорција помеѓу тркалата и телото и импресивно држење на патот. Верзијата Latitude поседува карактеристики кои постануваат поексклузивни кај верзијата Limited, и на врвот се наоѓа Trailhawk најексклузивната верзија на Jeep® со Overland трим кој внесува ексклузивни елементи и последната технологија во гамата.

БЕЗГРИЖНА БЕЗБЕДНОСТ

Повеќе од 70 стандардни уреди се на располагање за да гарантираат инзворедна сигурност и безбедноста зад управувачот на Cherokee . Новиот волан на Jeep® располага со многу безбедносни контроли кои се на дофат на Вашите прсти. Покрај издржливата основа составена од 65 проценти челик со голема цврстина, инженерите додоа цела низа активни и пасивни достапни функции кои овозможуваат безгрижност за секој поминат километар. Главните опции вклучуваат Adaptive Cruise Control Plus кој користи радар и видео сензори кои помагаат во одржувањето на претходно дефинирано растојание помеѓу вашето и следното возило, и може дури автоматски целосно да го запре вашето возило ако тоа се наложува. Новиот Parallel and Perpendicular Park Assist (Асистирање при паралелно и нормално паркирање) користи ултразвучни сензори кои ви помогаат во совладувањето на паркинг просторот а Lane Departure Warning Plus ве вози на безбеден пат.